Рецензија: AA Oil Infusion + 30 – ноќен крем и крем за околу очи

Како до убава и мазна кожа без брчки во само два чекори за кои ви се потребни и помалку од 5 минути на ден.

После напорниот работен ден и домашните обврски, најчесто забораваме да се грижиме за нашата кожа. Додека стравот на секоја жена се линиите кои се појавуваат на лицето како резултат на годините, стресот и надворешните влијанија, малкумина се решени да превземат нешто за нивно минимализирање и отстранување, па подолго да уживаат во младата и мазна кожа. Ова е така затоа што постои некоја дефинформација дека квалитетниот и ефективен крем е недостижен заради неговата превисока цена, а рутината за грижа на вашата кожа одзема премногу време.

ADVERTISEMENT

Задоволство ми е да ве запознаам со АА Cosmetics кои се полски бренд кои произведуваат иновативна антиалергиска козметика за лице, без додадени парабени, изработени по високи европски стандарди, но по достапни цени. Тие на пазарот нудат линија на квалитетни креми наменети за три старосни групи. Онаа која што јас имав можност да ја пробам е ноќната крема AA Oil Infusion +30 за потхранување и израмнување на брчките која доаѓа во одлична комбинација со кремот за околу очи од истата колекција. 

Овој моќен и напреден третман против брчки е врз база на подмладувачкиот ефект од скапоцените масла од Марула и Арган, како и на коензимот Q10. Маслото од марула често се нарекува и златната состојка и се добива од семето на дрвото Sclerocarya birrea попознато под името Марула кое се наоѓа во Јужна Африка. Ова семе е богато со природни атиоксиданси, витамин Ц и Е, полифеноли и омега-9 киселини. Ова масло обезбедува интензивна хидратација и измазнување на кожата и го стимулира нејзиното обновување. Коензимот Q10 и дава на кожата виталност и го забавува процесот на стареење, додека маслото од Арган ја храни и зајакнва кожата и ефективно ја контролира хидратацијата.

Овие луксузни масла и состојќи се биокомпитабилни со кожата, ги надополнуваат нејзините недостатоци додека во исто време ги стимулираат клетките враќајки ја нивната младешка виталност. Како резултат на ова, кожата е подложена на вистинска преобразба и станува помазна, повеќе хидрирана и го враќа својот сјај.

За понатамошно подобрување на ефектот, оваа формула содржи иновативен систем на двојна инфузија. Екстремно лесната формула обезбедува брза апсорбција и го прави производот навистина пријатен за употреба.

Употребата на овие креми нека бидат дел од вашата нова ноќна рутина. Со нив вашата грижа за лицето одзема помалку од 5 минути: на чисто и измиено лице ја нанесувате ноќната крема. Со кружни движења масирајте ја кожата од носот кон јаболчниците и направете убаво да се впие во кожата. Нанесете на лицето но, одбегнувајте го просторот околу очите, па потоа продолжете на вратот и деколтето и уживајте во процесот. За крај нанесете од кремата за околу очи и истапкајте ја со движење од внатрешниот па се до надворешниот агол под и над окото. Убавиот и пријатен мирис на кремата ќе ве опушти, а вие сте спремни да си легнете. 

Автор: Александра Азманова
Фото: А.А.

Facebook Comments
(Visited 10 times, 1 visits today)