Како со нашата омилена играчка од детството до рамен стомак
Стариот добар обрач (или хулахоп) кој ни беше омилена играчка во детството се врати на голема врата како популарен „фитнес реквизит“.
Во ова многу помогнаа и славните личности како Бијонсе, Кели Брук, па дури и првата дама на САД, Мишел Обама, кои можеа да се видат како уживаат во вртењето хулахоп.
Хулахопот претставува одлична забава за децата. Но, вртењето хулахоп не е само игра за најмладите – тоа претставува и одличен начин за согорување на калории и зајакнување на стомачните мускули. Сепак, тоа не значи дека веднаш треба да претрчате до првата продавница за детски играчки и да си набавите хулахоп. Хулахопите наменети за вежбање за возрасни се поголеми и потешки (обично тежат околу 0,9 кг). Поради дополнителната тежина хулахопот побавно се врти околу телото, така што, ако хулахопот постојано ви паѓа, набавете си потежок и ќе ви биде полесно да го вртите.
Премини на следната страна >>