Реклама
Шопинг

ПРОЛЕТЕН ТРЕНД: Големото враќање на кошулите

Реклама

Откако познатиот шопинг портал Net-a-Porter ја најави соработката со британскиот дизајнер Џонатан Андерсон за новата капсула колекција со кошули, ова основно парче веднаш се најде во фокусот на најпознатите модни магазини.

Според Сара Рутсон од Net-a-Portera кошулите се основно парче на многу жени, па така и оваа соработка е резултат од одличната продажба на кошулите преку онлајн платформата Net-a-Porter. Андерсон пак, по повод на оваа соработка изјави дека кошулите се дел од машката и женската гардероба „парче во кое машката и женската мода се сретнува“. Ова не води до заклучокот дека сите жени во своите плакари сакаат да имаат добара кошула која би можеле да ја носат во најразлични пригоди. Во деловниот свет кошулите се маст-хев парче во секој дрескод. Но тоа не значи дека не треба да има интересен крој. Дизајнерот Џонатан Андерсон во својата колекција понуди асиметрични парчиња, плисирани и набрани, па дури и со голи раменици. Или кроени така што неизбежно потсетуваат на популарните „wrap“ фустани.

Маркетинг

Покрај овие модели оваа сезона во мода се и кратките кроп кошули, како и долгите „shirt dress“ модели. Сите тие можат лесно да се комбинираат со секојдневните деловни пригоди, но и да се носат во опуштените секојдневни изданија, каде благодарение токму на овие парчиња ќе изгледате елегантно и посебно. Особено ако ја носите на модерен начин (види тука), со неколку откопчани копчиња, со подвиткани ракави, вметнати само во еден дел во панталоните или здолништето… Оваа пролет во мода се и кошулите со најразлични кроеви, бои и дезени, но сепак белата кошула е незаменлива! Претпоставуваме дека веќе имате неколку во вашите плакари, а доколку сте расположени за шопинг токму сега е вистинскиот момент бидејќи продавниците се полни со модели кои ќе ви се допаднат.

Маркетинг

Отворете ја галеријата во продолжение погледнете ги цените на најубавите модели кои нашите уредници ги избраа од најпознатите брендови.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button