Реклама
Модни совети

Како да ја носите вашата омилена кошула и да изгледате како познатите ИТ девојки

Реклама

Сигурно досега многу пати сте ја имале дилемата дали вашата кошула да ја носите ставена во панталоните или пак, да ја извлечете, да откопчате неколку копчиња и да ја носите во опуштено и лежерно издание.

Потоа ќе застанете пред огледалото, и најверојатно, ќе се вратите во сигурната зона, односно ќе ја носите онака како што сте ја носеле отсекогаш, Но, зарем не е крајно време да направите една мала промена и пред да ги прогласите за најдосадни парчиња за носење од вашиот плакар, малку да се поиграте со нив?! Еве неколку трикови со кои вашиот стајлинг со кошула ќе изгледа шик и многу-многу поубаво од се што сте пробале досега.

Маркетинг

1. ЗАМОТАЈТЕ-И-ВОВЛЕЧЕТЕ!

Маркетинг

Еве на пример земете едноставно стара (малку широка) кошула со копчиња, замотајте ја едната половина околу вас, но не закопчувајте ја, и вовлечете ја во фармерките. Потоа, земете безопасна игла или закопчајте само едно од копчињата (но не најгорното) за да ја фиксирате и, евентуално, да сокриете некоја фалинка.

Па, зарем ова не е трик со кој можете дури и вашите „работни“ кошули да ги направите соодветно парче облека со кое ќе изгледате шик и откако ќе завршите со работата. Одличен начин да се префрлите од работен во забавен стил за миг, нели?

2. СО ИЛИ БЕЗ ГРАДНИК, ПРАШАЊЕ Е СЕГА?!

Доколку пак сте во потрага по познатиот француски шик кој во последно време се повеќе ги освојува модните блогерки ширум светот според нас најдобро е тоа да се прави на следниве два начини. Првиот е кошулата да ја носите со градник и со едно или со максимум две откопчани копчиња, кои можете да ги комбинирате со здолниште со молив крој и во едно вакво ИТ издание слободно можете да се појавите на работа.

Откако ќе завршите со обврските и ќе тргнете на пијачка со пријателките, дозволено е да откопчате уште едно или две копчиња и да изгледате провокативно. Што се однесува до мене, мислам дека е шик кога на девојките им се гледа и црниот градник под кошулата (кој НЕ треба да се крие!), но исто така немам и ништо против доколку се одлучите  да ги носите без градник, но ова навистина ретко може да се види на нашите улици.

Станува збор за тренд кој е шик и потполно го содржи оној познат француски шмек, но сепак, доколку не сакате премногу да ризикувате, останете на женствената страна. Обидете се да ја носите кошулата опуштено, подзасукајте ги малце ракавите и ќе бидете подготвени за појадок во некој хотел, забава или на разговор со пријателките.

3. НАМЕСЕТТЕ ЈА КОШУЛАТА НАНАЗАД

Откопчајте ги првите два-три копчиња и зафрлете ја кошулата преку рамениците. Вашата омилена кошула веднаш ќе изгледа многу поинтересно.

4. ВМЕТНЕТЕ ЈА ЕДНАТА СТРАНА ВНАТРЕ

Ставете ја во панталоните или здолништето, но само едниот дел од кошулата. Ова е стилски трик кој вашата комбинација ќе ја направи многу поинтересна.

5. ОВЕРСАЈЗ КОШУЛА

Ако во плакарот имате оверсајз кошула која сте ја позајмиле од својата посилна половина, а не знаете што со неа, тогаш обидете се да ја носите како фустан. Ефектот ќе биде совршен особено ако се работи за помек материјал кој слободно ќе паѓа врз рамениците.

6. ВРЗЕТЕ ГИ КРАЕВИТЕ

Кошулата можете во миг да ја претворите во кроп топ кој е идеален за стилизирање на панталони или здолниште со висок струк ако ја заврзете на краевите.
 
7. ПОИГРАЈТЕ СЕ СО СЛОЕВИТЕ

Понекогаш кошулите изгледаат досадни бидејќи постојано ги носиме на истиот начин. Зачинете ја кошулата со неочекувани парчиња кои ќе ги носите преку неа. Ќе изгледате потполно различно, но и модерно. И не заборавајте дека со една ваква комбинација (како на пр. комбинацијата на Викторија Бекам), можете да се појавите и во вашата канцеларија.

Погледнете уште неколку интересни начини како да ја стилизирате вашата омилена кошула, а потоа доколку сакате да ги видите најубавите кошули од најпознатите хај-стрит брендови во Македонија, кликнете тука или отворете ја галеријата на крајот од текстот.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button