Црно белите комбинации никогаш не излегуваат од мода и можете да ги носите скоро во секоја пригода – во школо, на работа, на кафе со пријателките, кога одите на кино, во шопинг, па дури и во вечерни пригоди.
Можете да ги комбинирате и со други нијанси, но и да се поиграте со кроевите, дезените, и текстурите. Сепак, доколку сте во потрага по деловна или лежерна комбинација за овој период од годината, овој монохроматски изглед сигурно ќе ви го олесни животот, особено затоа што станува збор за комбинација со која сигурно ќе бидете забележани. Можеби белата кошула, кожната јакна и црните фармерки на прв поглед изгледаат обично, но не заборавајте дека црно-белите комбинации секогаш се посебни и интересни.
Инаку, Елена од модниот блог shybutsecretlyfab во едиторијалот Black and White направен во соработка со македонските модни блогерки и македонскиот бренд Астибо носи јакна од еко кожа, црни фармерки и класична бела кошула со црни риги.
Елена носи: Палто од Астибо (кликни тука и види ја цената), фармерки од Pull and Bear, кошула Манго, чизми Pull And Bear и чанта од Stradivarius
Па, дали би ја лајкнале оваа комбинација на Елена?
Едиторијалот е направен во соработка со Астибо и македонските модни блогерки Елена од shybutsecretlyfab, Марија од fabulousisfreedom и Сара од sarasimplified. Фотограф: Сара Ацевска