Од мастите (не) се дебелее и уште 9 други работи што морате да ги знаете ако се трудите да ослабите!
Ник Мичел е основач на синџирот теретани „ Ultimate Performance “ и експерт за губење на тежината. Мастите, лебот, тестенините и оризот се добри за нашиот организам, но и можат да ни помогнат при слабеењето, тврди овој тренер.
Сепак, постојат 10 фактори што мора да бидат утврдени со цел конечно да се пристапи кон слабеење на правилен начин. Еве на што предупредува овој тренер:
1. Не сите калории се исти
Сосема е погрешно да се верува дека 300 калории што ги добиваме јадејќи мрсна шницла се исто што и 300 калории кога јадеме порција житарки. Различната храна на различни начини влијае врз нашиот организам и го стимулира метаболизмот да дејствува во сосема различни насоки. Покрај тоа, да додадеме дека не треба да го занемариме влијанието на одредени видови храна врз хормоните. Најдобар пример е исхраната богата со шеќер којашто го стимулира инсулинот, кој го нарушува нивото на шеќерот во крвта и предизвикува низа штетни последици за нашето тело.
2. Калориите се многу важни
Основните закони на термодинамиката не може да ги игнорираме и факт е дека колку калории внесуваме, мора да се потрудиме толку и да согориме. Меѓутоа, како што сите калории не се исти и сите организми не се исти, затоа доколку сакаме да ослабеме мора да имаме мал дефицит на енергија, но, исто така, мора да ги земеме предвид нашите хормони и специфичниот метаболизм на нашето тело.
3. Од мастите (не) се дебели
Во однос на протеините и јаглените хидрати, мастите имаат поголем број калории по единица тежина. Накратко, во еден грам масти има 9 калории. Премногу од нешто воопшто не е добро за телото, но идејата дека мастите нè дебелеат е, едноставно, погрешна. Истражувањата покажаа дека мастите се многу важни за одржување на хормоните во рамнотежа и дека најмалку 20 проценти од вкупните калории што секојдневна ги внесувме во организмот би требало да се добијат од масти.
Ниското ниво на тестостерон, поврзано со диети што имаат ниско ниво на масти, е многу штетно за организмот. Јадењето масти, но во соодветни количини, може да помогне да имате здраво и стројно градено тело.
4. Јаглехидратите не се непријатели
Постојат многу фактори кои одредуваат колку јаглени хидрати може да апсорбира нашиот организам, а тоа да не влијае врз телесната тежина. Проблемот со јаглехидратите е тој дека премногу сакаме да ги јадеме. Сепак, тие може да се претворат во вистински сојузници при слабеење. Клучна предност кај јаглеродните хидрати се случува кога ги согоруваме на интензивни тренинзи. Тогаш ја ослободуваме енергијата потребна за изградба на гликогени.
Во исто време, го охрабруваме организмот да гради мускулната маса, што е од суштинско значење во одредена фаза на слабеење. Јаглехидрати, според тоа, не се непријатели доколку се користат во одредена количина и во право време.
5. Јадете и по 18:00
Не е точно дека сè што јадеме во вечерните часови најмногу нè дебели. Јаглехидратите го стимулираат ослободувањето на серотонин, хормон кој прави да се чувствувате попозитивни па затоа ни е полесно да заспиеме. Да се јадат јаглехидрати навечер, според тоа, не е никаков грев.
6. Битно е точното време за оброци
Многумина сметаат дека не е важно кога се јаде во текот на денот, сè додека количините се во согласност со потребите. Сепак, тоа не е целосно исправно. Постои нешто што се нарекува метаболичка флексибилност, а во основа значи дека како ќе го започнете денот, на тој начин вашето тело ќе протолкува каде и колку енергија треба да надомести. Во овој контекст, со лесен доручек не е најдобар начин да го започнете денот. На тој начин сте го програмирале вашиот метаболизам да настојува да ги надомети сите оние хранливи материи кои сте му ги ускратиле со лесниот доручек. Од друга страна, би било добро, на пример, да јадете јаглехидрати пред вежбите за тело.
Вежбањето ја подобрува ефикасноста на GLUT-4, протеин кој ги пренесува јаглените хидрати. Ова значи дека јаглехидратите ќе се активираат после вежбањето за да се создаде мускулна маса, којашто помага да се дефинираат линиите на вашето тело.
7. Јадењето на секои два-три часа не го забрзува метаболизмот
Наместо два до три оброка на ден, треба да се јаде на секои два до три часа бидејќи тоа е добар начин да се спречи гладот додека се обидувате да ослабете. Со тоа, сепак, нема да го забрзате метаболизмот. Помали и почести оброци се добри затоа што го стимулираат синтезтизирањето на протеини, го регулираат шеќерот во крвта и го олеснуваат варењето на храната.
8. Течна храна
Префрлувањето на течна храна само значи дека, најверојатно, сте изоставиле масти па ја губите мускулната маса. Во исто време, многу е веројатно дека сè што сте изгубиле, брзо и ќе надоместите. Повеќето пијалоци кои се препорачуваат во таквите диети не се добри за здравјето. Тие не содржат сè што му е потребно на телото, а често предизвикуваат вртоглавица, недостаток на концентрација, губење на косата и кршење на ноктите.
9. Промените во метаболизмот се добри
Да се има едно исто темпо со кое телото реагира на внесувањето на енергија има свои предности, но тоа не е природно. Со правилната исхрана, која е прилагодена на вашиот личен метаболизам, телото, хормоните, калориите и сето погоре наведеното, токму како и со насочено вежбање и добро контролиран кардиоваскуларен систем, можно е да слабеете на здрав начин. Промените во метаболизмот се добри доколку ние ги иницираме.
10. Потешките тегови нема да ги направат мускулите „подебели“
Претставничките на понежниот пол преферираат помали тегови, бидејќи на тој начин сакаат да ги дефинираат мускулите, без да се плашат дека ќе ги зголемат. Тие се убедени дека вежбањето со поголема тежини ги прави мускулите „подебели“. Ова не е точно. Кратките паузи помеѓу подигнувањето на потешки тегови ги дефинираат мускулите поефикасно.