Реклама
Секс

ОПА, ЌЕ ПАДНЕ СЕКС: Еве што прават жените кога се подготвени да скокнат во кревет со тебе!

Реклама

Ммммм …

Подготовка за совршена ноќ за жените воедно значи и поминат подолг период во тоалет, а ако случајно доаѓа љубовникот во вашиот стан (иако најдобронамерно ве советувам дека многу подобра варијанта е да завршите во неговата гајба!), тоа значи дека треба да се дигнат сите предавнички бели гаќи кои ги носевме во „сушните“ денови во месецот, да се измијат садовите кои стојат во мијалникот веќе неколку дена, да ги сокриеме фотографиите од бившиот или на која сме со мама и тато, да провериме дали случајно некоја од нашите секси играчки ѕирка некаде од под креветот, да внимаваме кој канал на ќе биде наместен на телевизорот (ова е многу важно, бидејќи во спротивно може да влијае на неговата самодоверба, а тоа на.. па знаете како оди тоа. Наместо секс, ќе завршите со политичка кавга! Па затоа најдобро е ако е од опозиција да наместите на 24 Вести, ако е од власта – Шител, а ако е од оние неопределените, тогаш – Mezzo, National Geographic или ТВ 1000)… Всушност треба да ги тргнете од виделина сето она што не се вклопува во вашиот имиџ на страсна љубовничка.

Маркетинг

Постојат неколку работи кои жените ги прават кога се во прашање олимписките игри во креветот. Повеќето од нив овие тајни ги кријат како змијата нозете, бидејќи жените секогаш се подготвени да се презентираат во најдобро светло.

1. Депилација

Маркетинг

Секако не мислам дека влакната под мишките изгледаат секси, ниту пак дека вака природно се ИН и дека имаат некоја цел, па дури и кога мојот љубовник би бил еден од оние згодни паркобрани, со долга коса, брада и мустаќи, кој е убеден дека Colgate и Gillette се дел од големите корпорациите кои го прават светскиот заговор. ОК, признавам, без депилација изгледам како праисториски човек, затоа овој ритуал е задолжителен пред планираниот секс. Препоните ги депилирам, додека остатокот од телото можам да му го препуштам на мојот жилет, отстранувајќи се што ќе ми се најде на патот. Не сакам некој низ џунгла да го бара патот до мојата вагина и пред се не сакам таа да ми изгледа како последната зелена површина во овој град.

2. Млеко за тело

Крема задолжително ставан на колковите, задникот и препоните. Така задникот ми станува уште помазен, а и самиот ритуал ме опушта, така што…

3. Станот ќе го претворам во љубовно гнездо

Па, знаете како оди тоа. Малку ќе нанесете парфемче низ станот, поубаво да мириса (а можете да ставите и неколку капки на креветот!). Ќе ги тргнете фотографиите од минатото зимување, на кои сте во друштво на бившиот (или евентуално од сегашниот кој е на печалба и на кој планирате да му се одмаздите затоа што извадил бугарски пасош и преку ноќ, без да ви соопшти, решил да стане камионџија!) Покрај тоа, подгответе ја и вашата плејлиста која ќе одговара за она што го имате на ум и.. подгответе нешто жестоко за пиење!
{youtube}rDJu7r6OUvk{/youtube}

Па, добар провод …

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button