Црната боја е секогаш актуелна и е една од најмоќните бои без разлика за која сезона станува збор, а овие дами знаат како да ја носат.
Вера од Аestheticsillustrated »
Таа им е омилена на многу познати трендсетерки кои ја носат на најразлични начини. Анџелина Џоли секогаш е доследна на својот минимализам, Гвен Стефани сака своите црни комбинации да ги зачини со екстравагантен детаљ во боја, додека Викторија Бекам изгледа фантастично, без разлика дали носи килоти во комбинација со Dior чизми со проѕирни плексиглас потпетици, или пак носи панталони и црна ролка со потписот на нејзиниот бренд.
Викторија Бекам
Џиџи Хадид
Законот на црната боја секогаш важи кога се уличните комбинации во прашање, а тоа многу добро го знаат и Џиџи Хадид и Кендал Џенер кои изгледаат неодоливо кога се играат со парчиња во оваа боја. Но, мораме да признаеме дека и нашите познати ИТ девојки изгледаат фантастично во црни комбинации од глава до пети. Погледнете!
Мартина од insidethebworld.mk »
Фросина од Frosinna.com »
Без разлика дали станува збор за фустани и високи чизми над колена или пак фармерки, маица и кожени јакни, секоја од овие дами изгледа посебно на свој начин и преставува совршена инспирација како за дневни, така и за вечерни пригоди.
Се согласувате?
Хајди Клум
Кендал Џенер
Извор: Buro24/7, Штипка