Реклама
Нега и здравје

Како да го стопите салото на стомакот преку ноќ (РЕЦЕПТ)

Реклама

Покрај редовната диета, и вежбање, резултатот е уште подобар, но и без нив ќе бидете воодушевени од тоа како делува оваа облога.

Маркетинг

Сакате вашето тело да биде затегнато? Тогаш пробајте облога од ѓумбир! Со консумирање на ѓумбирот се забрзува метаболизмот, а со тоа може и да се изгуби вишокот килограми. Слично дејство има и облога за тело од ѓумбир. Еве како да ја направите и како можете да ја користите.

Што ви е потребно?

Лажичка ѓумбир во прав (или свеж изрендан), пар лажички лосион за тело, пластична фолија, крпа и еластичен завој.

Маркетинг

Принцип на работа

Крпата ставете ја во што потопла вода и завиткајте го делот од телото на кој сакате да ја ставите облогата од ѓумбир. Оставете неколку минути како порите на телото би се рашириле. По потреба повторете го овој чекор уште еднаш.

Измешајте го ѓумбирот со лосионот за тело и намачкајте на саканиот дел од телото подебел слој од оваа смеса. Потоа замотајте неколку пати со проѕирна фолија, а преку фолијата ставете еластичен (или обичен) завој.

Не треба премногу да стегате. Поентата е да се чувствувате ОК.

Ставете да делува барем 4 часа, а доколку не ви преставува проблем оставете и цела ноќ. На почетокот можете да почувствувате пецкање, но не грижете се, бидејќи тоа е знак дека маската делува.

Оваа маска е добра бидејќи ѓумбирот го намалува натрупувањето на маснотии во телото. Но, секако дека резултатите ќе бидат уште подобри доколку сте упорни, се храните здраво и редовно вежбате. Исто така, со додавање на ѓумбир во секојдневната исхрана, ќе го засилите делувањето на маската т.е. ќе изгубите повеќе сантиметри во пределот на половината. Но, имајте во предвид дека резултатот варира од лице до лице. Сантиметрите кои ќе ги изгубите со оваа техника зависат од вашиот метаболизам, како и од нивото на вашата активност и исхрана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button