Доколку немате инспирација за тоа како да се облечете, посебно ако сакате да внесете некои промени во вашиот стил и да пробате нешто ново, можете да ги погледнете овие две мошне интересни комбинации на нашата модна блогерка Јована Зука.
Јована Зука, која стои зад модниот блог www.aftertwofive.com постојано објавува прекрасни фотографии со интересни комбинации кои најчесто се составени од парчиња од популарните хај стрит брендови кои можат да се најдат во секој поголем град. Во нејзиниот плакар очигледно доминираат парчиња од „Зара“, па така за оваа есен и зима таа има набавено одлични чизми до глужд со патент, но и бунда од вештачк крзно со потписот на овој бренд. Исто така, таа сезонава носи и патики Adidas Originals Superstar кои се еден од водечките трендови кога се обувките во прашање, како и пар од уникатните фармерки на Maison Martin Margiela за H&M Jeans.
Па дали ви се допаѓа стилот на оваа блогерка? Доколку сакате да ја следите, кликнете тука…
Photos by: Andrej Micajkov | aftertwofive