Позата на моделот може да доведе веќе добра фотографија до совршенство, или истата да ја расипе. На оваа тема поразговаравме со неколку македонски модни блогерки, кои веќе имаат стекнато рутина при позирањето и најдобро би ни ги објасниле нивните тајни за добра фотографија.
Вера и Искра од aestheticsillustrated.blogspot.mk:
„Како се однесуваме пред камера зависи од локацијата, светлината и тоа како сакаме да изгледаме во однос на темата на постот. Меѓутоа никогаш не сме вежбале пред огледало, позираме спонтано и природно. Како и да е, без разлика колку и да е некој талентиран за позирање, најважно е како фотографот ќе ја “фати” таа поза.“
Елена, shybutsecretlyfab.com:
„Порано имав проблем со позирање на јавни места, но за среќа го надминав. Најчесто употребувана поза ми е поглед во земја, а доколку се опуштам, при крајот на фотосесијата се вртам, се смеам и тогаш најчесто излегуваат најубавите спонтани фотографии.“
Марина, maramasplace.blogspot.mk:
„Јас не сум модел, ниту пак се трудам на фотографиите да изгледам така. Сакам на фотографиите да изгледам опуштено и природно. Покрај оние вообичаени пози кои ги правиме сите често во моите постови вметнувам спонтани фотографии.“
Марија, fabulousisfreedom.com:
„Дури и после 3 години блогирање, позирањето и опуштањето пред камера за мене се најтешки. Секогаш започнувам со 2,3 пози кои ми се go-to (како поглед на страна, или пак со една нога позади другата) а потоа повеќе се опуштам и самото природно доаѓа.“
Азизе, rosee96.blogspot.mk:
„Мој совет за добра фотографија е секогаш да сте природни и опуштени, да изберете добар агол светлина и позадина. Зрачете со позитивна енергија и самодоверба, затоа што тоа се гледа на секој ваш чекор па и на фоторафиите.“
Дани и Александра, fashionlabdna.com:
„Позирањето е умешност, нешто што се учи но и многу говори за нашиот карактер. Во зависност од постот кој го објавуваме таква е и позата. Поради тоа што секој пост ни е со претходно осмилена приказна позата е во склад со неа. Не само позицијата на телото игра улога туку и самата гримаса на ликот може да пренесе и подобра порака. Во однос на подготовките за постот и фотографиите би рекла не е за потценување. Самата припрема одзема време и готовиот производ додека да се добие секогаш се минува низ одреден процес кој веруваме им е познат на сите блогери кои се трудат секој пат да го дадат својот максимум. Претходно добро организирано време и локација резултира со многу поуспешен пост од тоа да се остави на случајност.“
Сара » Иден архитект, ранобудник, минималист и твитерџика. Љуби книги и архитектура. Блогува од перспектива на интроверт, обожава мода и често се сопнува. Кликни тука и посети го нејзиниот блог » |