Реклама
Блогерија

Уште една девојка од Милано која ја обожаваме поради нејзиниот италијански стил

Реклама

Патриша Манфилд која стои зад „The Atelier“ е една од нашите омилени модни блогерки која секогаш не воодушевува со нејзините „street style“ фотографии.

Студентка по право со типичен милански моден „мелос“ досега има соработувано со  брендови како Coca Cola и Dolce & Gabbana но и со престижното италијанско издание на магазинот „Elle“, најчесто соработувајќи со нејзиниот човек Ѓото Календоли. Нејзиното импресивно CV можете да го ѕирнете на нејзиниот блог… Приказната ќе ја започнеме со оваа преубава комбинација која што Патриша ја носеше на Миланската модна недела. Едноставно не можеме, а да не повториме дека го обооожаваме начинот на кој оваа интернационална модна икона ги стилизираше нејзините стејтмент високи потпетици и краткото здолниште (ова навистина е импресивно!), како и нејзината едноставна тексас кошула од Levi’s која ја носеше во комбинација со црни очила за сонце.

Маркетинг

Погледнете уште неколку комбинации на оваа прекрасна девојка…

Маркетинг

Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа девојка?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button