Како уредници на првиот моден портал во Македонија, постојано ги следиме фотографиите на најстилизираните жени во светот на кои се гледа како тие го прават она што најдобро го умеат – да изгледаат неодоливо!
Oваа недела овие дами буквално не турнаа од столчето со нивните преубави есенски комбинации кои моравме да ги споделиме со вас. Од монохроматските комбинации па се до беспрекорна игра со различни стилови во чија основа е џинс, погледнете ги овие стилски комбинации на модните блогерки, уреднички и трендсетерки и обидете се да „купите“ по некој трик од нив.
Еве на пример, погледнете како оваа дама комбинира „бобмер“ јакна која е во мода за оваа сезона со елегантни парчиња во бела боја. Необичен, но совршен спој, нели?
Или пак оваа комбинација на девојката која што стои зад модниот блог www.amlul.com и која што е толку едноставна и необична, а воедно и шик и модерна што нема да ви дозволи да се одлепите од нејзината фотографија цели 5 минути.
Да, ресите не одат никаде и во наредната сезона, а што се однесува до овие тренди папучи, сега е последната шанса доколку сакате да ја завршите летната модна приказна во нив.
Ригите се ИН, особено ако знаете како да ги комбинирате.
А кој вели дека есента не е секси?
Комбинација во која сите ќе ве забележат.
Позајмено од машкиот гардеробер, но на неодолив женствен начин!
Тексас од глава до пети? О, па да!
Карирано, ретро и секси …
Оверсајз тексас јакна, црни панталони и бели патики – супер комбинација за факс или прошетка во парк со пријателките.
Елегантно и провокативно…
Сандали, ретро здолниште и една мала неодолива чанта која може да ви го промени животот.
Можеби белата боја е резервирана за летните месеци, но оваа девоја со стил знае како да го искористи нејзиниот шарм и во сезоната во која паѓаат лисјата. Кликнете и отворете ја галеријата во продолжение во која ќе ги видите најубавите парчиња во оваа романтична боја за есен/зима 2015.
види повеќе » |