Џенифер Лопез изгледа се поубаво и поубаво, првенствено благодарение на редовното вежбање и вниманието што го посветува на исхраната.
Каде и да се појави предизвикува воодушевување. Ни изгледа дека наместо да старее од ден на ден изгледа се поубаво и попривлечно. Џенифер не крие дека вредно и напорно вежба секој ден за да ја одржува линијата, но големо влијание на нејзиниот одличен изглед има и исхраната.
Познатата пејачка и мајка на две деца во слободното време се занимава со хуманитарна работа, а еден од нејзините проекти е наречен Центар за здраво детство. Во рамките на оваа програма која промовира здрава исхрана и за децата и за возрасните, Џенифер сподели дел од своето мени со фановите, поточно објасни дека никогаш не го прескокнува појадокот, а нејзиниот појадок се состои од една голема чаша полна со витамини и минерали.
„Станав свесна дека храната што ја јадам не ми дава енергија, што почувствував на моето тело. Истото го јадеа и моите деца, па се запрашав дали тоа е навистина добро за нив. И така станав подготвена да пробам нешто ново”, вели Џенифер и дополнува дека не може да го започне денот без овој напиток.
„Станува збор за неверојатно здраво смути, преполно со влакна, омега 3 киселини и протеини, па можете да го пиете и меѓу оброците “, објаснува Џенифер.
Ако сакате да го пробате овој здрав оброк во чаша, следи рецептот за смути на Џенифер Лопез кое го заменува нејзиниот појадок:
Состојки:
– 1 шака свеж спанаќ
– 1 замрзната банана
– 1 шолја млеко од ориз
– 2 лажици путер од бадеми
– 1 лажица протеински прашок
Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте се додека не добиете хомогена смеса.
Може да се пие наутро наместо појадок или меѓу оброците како ужина.
Извор: stil. kurir.rs