Во нашата рубрика Блогерија денес ќе ви ги претставиме најинтересните комбинации на американската модна блогерка Руми Нили.
Руми во светот на блогирањето е од 2008 година и стои зад модниот блог. Таа е една од ретките блогерки кои имале големо влијание на генерации модни блогерки, бидејќи да не беа нејзините фотографии и пред се нејзиниот моден блог блоговите како „Song of Style” и „Atlantic-Pacific” немаше ни да постојат.
Популарноста која што ја стекна во Америка, но и во целиот свет, најдобро покажува дека нејзините фотографии се едни од најкопираните на интернет, но и дека до сега има соработувано со бројни светски познати брендови како што се „Forever 21“, „Free Peopl“, „Ralph Lauren“ и ред други.
Па, погледнете го стилот на оваа модерна девојка.