Жените кои се во годни се сакаат себеси и она што се, без разлика на тоа дали имаат брчки на лицето или некое килце повеќе, а зарем има нешто што ги пали мажите повеќе од жена која се чувствува добро во сопствената кожа.
Кога мажите размислуваат на постари жени, во главно мислат на секс спо нив. Но има многу предности да се биде во врска со постара жена, за кои во почетокот мажите не се ни свесни. Затоа не е ни чудо што Џенифер Лопез, Мадона, Деми Мур крај себе скоро секогаш имаат помлади мажи. А кој всушност покрај нив и размислува на годините. Затоа, доколку запознаете жена која зад себе има брак, деца или едноставно е постара од вас, не двоумете се дали да ја викнете на состанок. Особено ако ви се допаѓа…
Знае што сака и не се откажува од тоа
Жените во своите 40-ти или 50-ти постигале веќе многу што во животот и знаат што сакаат. Без разлика дали станува збор за нивната кариера, навики, хоби, жените во тие години не бараат премногу, а зарем има нешто што е посекси и попривлечно од жена која стои цврсто на свои нозе?
Самоуверени се
Жените кои се во годни се сакаат самите себеси и она што се без разлика дали имаат која брчка или килограм повеќе. Едно истражување покажа дека жената е најзадоволна со своето тело по 49 година.
Знае што сака во креветот и не се плаши да разговара за тоа
Многу постари жени велат дека сега имаат најдобар секс во животот. Блогерката Ерика Џегер вели како во младоста нејзиниот сексуален живот бил возбудлив, но не ја исполнувал. Сега, по 50-тата таа знае што сака и што е најважно, како да ги изрази своите сексуални желби и потреби.
Имаат искуство
Искуството не се однесува само на работата и во спалната соба. Постарите жени добро знаат што ги возбудува, што го возбудува партнерот и помладите партнери можат да ги научат на некои нови работи во креветот. Од друга страна, поучени од искуството во минатите врски, тие сигурно со вас нема да ги прават истите грешки кои ги правеле додека биле млади.
Тие се независни
Постарите жени имаат пријатели со кои се дружат цел живот, навики кои ги прават постојано, работа, хоби.. Тешко ќе ги промените нејзините животни навики како што тоа можете да го направите кај помладите жени. Постарите жени ќе ве сакаат во својот живот, и нема да им бидете потребни. Затоа не разочарувајте ги и обидете се да не им зборувате постојано што треба да прават.