Според филозофијата на Фенг шуи, кујната е втората најважна просторија во домот, веднаш по спалната!
Па доколку сакате да се чувствувате пријатно во вашиот дом и да го извлечете максимумот од просторијата во која појадувате заедно со вашето семејство, следете ги следниве неколку едноставни правила.
Отстранете ги сите непотребни нешта од кујната
Како симбол за просперитет и богатство, кујната е место во кое лесно можете да створите мал рај. А бидејќи во оваа просторија се подготвува храната, која е од витална важност за здравјето, многу е важно да се придржувате до едноставните правила, со цел подобрување на протокот на позитивна енергија.
Кујната е нераскинлив дел од тројството кое што е директно поврзано со вашето здравје, а се однесува на бањата, спалната соба и секако, кујната. Затоа е потребно да ú се посвети доволно внимание и љубов, како со Фенг шуи советите би се создала просторија која ќе ви донесе задоволство, како за време не престојот во неа, така и од храната подготвена во неа.
Во идеални услови кујната би требало да се наоѓа далеку од влезната врата, за да не ви „избега“ енергијата. Кујната не треба да биде пренатрупана со разни нешта, електрични предмети, стари садови кои не се употребуваат или пак со расипани апарати за домаќинство. Таа би требала да биде просторот во кој ќе се чувствувате пријатно и задоволно, за да и храната ви биде таква. Обратете внимание на тоа што јадете, затоа што според Фенг шуи традицијата, треба да се сконцентрирате на органска храна, многу свежо овошје и зеленчук.
Сините чинии побрзо го задоволуваат чувството за глад!
Хармоничната кујна подразбира и присуство на боја која е добра за варењето, како и растенија кои го прочистуваат воздухот. Од боите најдобро се вклопуваат бледожолта или бела, додека од растенијата најпожелни се рузмаринот, босилокот, мајчина душица и жалфија. Пастелните тонови во спој со природата и свежи билки, се одлични за почеток за создавање на здрава кујна.
Следното нешто на кое мора да посветете посебно внимание е редовното проветрување и осветлувањето! Со кујнското осветлување треба да се поигруваме, како би се избегнала монотонијата. Пронајдете место за огледало, кое што додатно ќе го зголеми присуството на светлината. Ни изборот на садови не е препуштен на случајот, па најпожелни се заоблени садови, а доколку сте на диета, јадете од сини чинии, затоа што побргу го задоволуваат чувството за глад! Огнени бои, портокалова, силно жолта и црвената го намалуваат апетитот.
Огнените бои го намалуваат апетитот
Како што гледате, уредувањето на кујната според Фенг шуи концептот воопшто не е тешко. Тоа не бара ниту премногу време, ни премногу пари, а можете многу да добиете. Било да станува збор за помал или поголем простор, јасно е дека кујнскиот простор не трпи вишок на работи, како и тоа дека боите се пријатни за око, но и за здравиот дух и тело.