Можеби ќе ви звучи смешно, на јас едноставно обожавам, или можеби овој збор не е вистинскиот и не го опишува точно она што навистина го чувствувам, но јас навистина откачувам и полудувам кога седам врз лицето на моето момче!
Да, да, добро прочитавте, и ова го мислам во сексуален контекст, без облека секако! Инаку, доколку сте облечени во нешто повеќе од едни обични гаќички, кои верувајте нема да ви требаат, можеби би било малку чудно, нели?
Кога прв пат почнав да зборувам за ова мое искуство кое неодамна го доживеав и кое планирам да го повторувам и во иднина, сфатив дека ниту една од моите пријателки нема доживеано ништо слично. И не само тоа – ова за нив беше комплетно табу тема, па повеќето се претворија во уво и нестрпливо сакаа да слушнат за деталите.
Како прво, не сакам да сум доминантна, барем не секогаш. Добро, понекогаш ја преземам контролата во свои раце, но тоа не значи дека сум доминантна девојка. Едноставно, доживувам прекрасен оргазам додека седам на неговото лице и тој ме задоволува орално, без разлика дали и јас сум вклучена во акцијата или не.
Познавам многу девојки кои не уживаат во кунилингус, однсно на кои не им е пријатно некој орално да ги задоволува и мене навистина ми е јасно како е можно тоа. Првото нешто кое што ги прашувам е дали се обиделе да пробаат некоја друга поза, некоја во која нема да им биде толку незгодно, и повеќето од нив ми одговириле негативно. Секако дека постојат еден мал милион начини на кои можат да го направат тоа и секако дека во повеќето од нив би можеле да доживеат оргазам.
Што се однесува до моето прво сексуално искуство со партнер со кој што доживеав оргазам додека му седев на лицето, тоа едноставно не беше моја идеја! Никогаш не сум фантазирала за такво нешто, и тоа се случи сосема спонтано. Имавме секс можеби повеќе од еден час (ок, сигурно не траело повеќе од 20 минути) и јас му реков дека не мора да се грижи, може да ја заврши приказната кога сака, дека и онака нема да можам да доживеам оргазам и секако, дека тоа не е ништо страшно. Впрочем, кога би доживеала оргазам, тоа би било чудно, а токму тоа и се случи…
Но, тој едноставно не сакаше да продолжи и побара од мене да му седнам на лицето, за да се обиде на тој начин да ме задоволил орално. Јас го послушав и после само 5 минути се случи вистинско чудо. Доживеав еден од најубавите оргазми во животот и потоа цела ноќ спиев како бебенце, а кога се разбудив се уште имав „расипана“ насмевка на лицето. Што се однесува до момчето, раскинавме затоа што јас требаше да заминам од државата, а тој беше партиски ангажиран во партијата непријателки настроена кон моите родители, па едноставно најдобро ќе беше никој да не дознае за нас.
Но, еве, деновиве треба да се вратам во Македонија, па потсетете ме да ѕирнам на Фејсбук што прави тој, дали е слободен, па можеби и ќе се договориме да се видиме… :)
Но, да се вратам на мојата омилена поза за орален секс, додека се уште не сте направиле некоја глупост. На многу жени не им е лесно да доживеат оргазам додека водат љубов, Но кога седите на неговото лице, вие можете да го контролирате движењето, како и местата каде би сакале тој да ве допира со јазикот и на овој начин секако побрзо ќе доживеете оргазам. На крајот на краиштата, оваа позиција ви овозможува да бидете активни и вие да ја водите работата и … и, кому му е гајле кога на крајот ќе го добиете она што го сакате. И секако, не опуштајте се премногу и не дозволувајте си да седнете во вистинската смисла на зборот. Едноставно, треба да лебдите над неговото лице.
Што се однесува до партнерите, тие најчесто се расположени да пробаат сè, особено кога станува збор за поза во која ќе имаат добра глетка пред себе. Овој пат, големата слика им е целосно пред очи, па можат целосно да уживаат во неа, што дополнително ги стимулира. Токму затоа пред и по ова, очекувајте вашиот партнер здраво да се заангажира да ве задовлоли. Доколку спаѓате во групата на девојки кои никако не можат да доживеат оргазам, се надевам дека ќе го пробате ова пред комплетно да се откажете.
Никогаш не се знае, нели?
Мадам Васка