Реклама
Блогерија

Ви ја преставуваме.. Еце Сукан, најстилизираната Турчинка во светот

Реклама

Таа е стилистка, креативен консултант и моден новинар, но и една од најпознатите трендсетерки во Турција која има огромно влијание на трендовите кои ќе доминираат на модната сцена во оваа земја.

Па доколку досега немате слушнато за Еце Сукан, крајно време е да ја запознаете, како и да го видите нејзиниот еклектичен стил со кој владее на турската модна сцена, посебно во делот на уличните комбинации.

Маркетинг

Еце е дама чиј стил е познат ширум светот, но и жена која успеала модната „винтиџ“ култура да ја приближи до Турчинките отворајќи го првиот бутик за винтиџ облека во Истанбул под името EceSukan Vintage. Таа непосредно по отворањето на бутикот ја организираше и првата „винтиџ“ ревија во Турција. Но, таа не е само девојка која промовира и носи винтиџ облека, туку и успешна деловна жена која во својата биографија може да се пофали и со соработката со турскиот „Вог“ во кој работеше како една од уредничките од самото отворање на магазинот.

Маркетинг

Еце соработуваше како стилисти со италијанскиот бренд „Трусарди“, а потоа и со тогашниот креативен директор на брендот Умит Бенан, со кого и се омажи минатата година.

Откако замина од „Вог“, таа се вработи како меѓународен моден дописник на турскиот весник „Хуриет“. Покрај ова таа работи и како хонорарен новинар, стилистка и редовно е дел од жирито во Турската модна асоцијација која секоја година доделува награда за најдобар млад дизајнер. Таа денес пишува написи за голем број магазини како Wallpaper, Wallpaper City Guide, British Elle Décor, L’Express, T Style и Condé Nast Traveller, а нејзини фотографии се имаат појавувано во Marie Claire, Harpers Bazaar, Biz, İkideBir, Vogue Turkey. Таа соработува и со уште ред други реномирани магазини.

Покрај соработката со бројните магазини, таа соработуваше и со брендот Мави Џинс, но и со познатиот фотограф Мартин Пар и култниот режисер Емир Кустурица, а досега има направено многу интервјуа со познати лица од модниот свет како Карл Лагерфилд, Жан Пол Готје, Валентино Гаравани, Рикардо Тиси и многу други.

„Никогаш не излегувам од дома без мојот фотоапарат, а еден од омилените фотографи чии дела секогаш ме инспирираат е Даидо Моријама“, вели прекрасната Сукан во едно нејзино интервју и додава:

„За мене импровизацијата е најважна. Не се работи само за тоа како се чувствувате тој ден, туку станува збор за експериментирање, импулсивност и (барем јас така мислам) интуиција. Мојот стил е еклектичен, па сакам да ги мешам моите чувства со бои, периоди и теми. Едноставно не можам да разберам како луѓето успеваат да испланираат одвечершто ќе носат следниот ден“, вели таа.

Сукан е голем фан на винтиџ јакните и кожените здолништа, па нејзиниот стил би можел најблиску да се окарактеризира како омаж на седумдесеттите.

Покрај овие парчиња, таа се чувствува најдобро и кога носи фустани, без разлика на нивниот крој и должина, иако е голем фан на моделите со преклоп и со психоделични дезени. Секако дека најмногу ги сака винтиџ парчињата, и едноставно е луда по култните брендирани модели од 60-тите и 70-тите години од минатиот век со кои постојано експериментира и во кои изгледа фантастично. Во врска со прашањата како ја одржува нејзината линија и како и успева секогаш да изгледа убаво, таа вели дека се обидува секогаш да одвои време за јога и за вежбање, а инспирација и енергија црпи од уметничките и дизајнерските случувања кои постојано ги посетува.

Сукан неодамна откри за еден магазин дека на нејзиниот стил најмногу влијаел стилот на Шарлот Ремплинг, но и на Моника Вити, како и на славната манекенка Верушка. „Ја обожавам сцената од филмот Blow-Up  во кој Моника има неодоливкармин YSL Rive Gauche Safari кој едноставно не можам да го исфрлам од главата“.

Нејзин сон е да поседува комплетна колекција од Ив Сен Лоран од седумдесеттите и осумдесеттите.

„Кога пред неколку години присуствував на една голема изложба на Ив Сен Лоран во Гранд Палас имав впечаток дека во модата е кажано сé и дека не постои нешто повеќе што би можело да го видиме и што би можело да не воодушеви.“

„Во јужниот дел од Турција постои едно мало место кое се вика Бозбурн. Енергијата и опкружувањето се магични – секогаш одам во јахта клубот Бозбурн и во еден прекрасен рибен ресторан, Орфоз“, вели оваа прекрасна жена, откривајќи како го поминува слободното време.

Посетете го ФБ профилот на Еце Сукан тука » 

Извор: Thesartorialist.com, Elle.rs, Stipka.com.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button