Рецепти за смути (оригинално smoothie), ама и за здрава кожа!
Токму сега,сите се опседнати од смути – зависници сме од здрави мешани пијалоци коишто ветуваат трансформирање на нашето здравје.
Но, што ако тие пијалоци може да ја трансформираат и нашата кожа?
Прашавме некои од нашите омилени дерматолози за нивните омилени рецепти за кожа да ни помогнат да добиеме најмногу од оваа наша опсесија. Крајно време е и официјално да побараме повеќе од блендерот. Без разлика дали сакате да се справите со млитавост, брчки, сува кожа, или акни, еве еден шејк за вас:
Против млитава кожа: Овој шејк е одличен за зголемување на сјајноста на кожата, бидејќи многу луѓе се жалат на кожа без живост и без сјај. Ананасот содржи витамин Ц и бромелаин, одговорен за чистење и детоксикација. Куркумата е анти-инфламаторна, а ѓумбирот помага при варење.
Состојки:
• 1 чаша зрел ананас
• 1 чаша банана, сецкана
• ¾ чаша ладна кокосова вода
• 1 лажиче ѓумбир, излупен и исецкан
• 1 лажиче екстракт од ванила
• 1 лажица суров кокосов нектар
• 1/8 лажиче куркума (во прав или само малку, свежа)
Инструкции: Мешајте додека не се изедначи
Младост во една чаша: Ова е омилен пијалак на една докторка-дерматолог за козметичка хирургија која вели: „Ја сакам оваа мешавина за здрава, блескава кожа. Не само што има одличен вкус, туку е преполна со антиоксиданси, пробиотици и растителни влакна. Колагенскиот прав помага да се намалат брчките и да се задржи младешкиот изглед на кожата!“
Состојки:
• 1 чаша јогурт пробиотик
• 1 лажица колагенски прав за исхрана
• 1 лажичка Chia семиња
• ½ чаша замрзнати боровинки
• ½ замрзната банана
• 1 грст замрзнато грозје
Инструкции: Измешајте додека не се изедначи
Отстранувач/Бришач на акни: Тие може да направат хаос на вашиот живот, но овој пијалак е преполн со витамини кои можат да помогнат. Витаминот А, активна состојка во лекови, помага да се намали лачењето на масните жлезди, а цинкот може да помогне во регулирање на хормоните, додека омега-3 масните киселини може да го инхибираат растот на одредени бактерии поврзани со акни, значително намалувајќи го воспалението.
Состојки:
• ¼ чаша сецкано манго
• ¼ чаша сецкана папаја
• ½ чаша свежи боровинки
• 1 лажичка мелено ленено семе или 1 лажичка масло од ленено семе или масло од орев
• ½ свежа банана
• ½ чаша кокосова вода или ладна филтрирана вода
• Опција: додадете 1 чаша спанаќ или кел
Инструкции: Блендирајте додека не се изедначи
Пијалак за ’збогум’ на сувата кожа’: Оние кои страдаат од сува кожа ќе направат сè да се ослободат од тоа и овој пијалак може да направи значителна разлика. Авокадото додава здрави масти што ја хидратираат кожата од внатре, додека кокосовата вода е богата со електролити што помогаат да останете хидрирани.
Состојки
• 1 чаша кокосова вода
• 1 чаша кељ
• ½ круша
• ¼ авокадо
• ½ краставица
• ½ лимон
• Малку кориандер
• Малку ѓумбир
• 1 лажичка протеин во прав (коноп, грашок)
• ½ – 1 чаша вода – колку што ви е потребно да ја постигнете саканата густина
Инструкции: Додадете ги сите состојки во блендер, освен водата, и добро блендирајте. Проверете ја густината и додадете вода ако е потребно.
Детоксикација на кожата: Еве еден одличен пијалак за уморна кожа изложена на нечист воздух. Рецептов доаѓа со самиот апарат за блендирање и има фантастични антиоксидансни и анти-воспалителни својства.
Состојки
• ½ чаша вода
• 2 ½ чаши зелено грозје
• 1 портокал, излупен, преполовен, со семки
• ½ лимон, излупени, со семки
• ½ краставица, излупена и исечена на големи парчиња
• ½ зелено јаболко, со семки
• 1 чаша кељ
• 1 чаша марула
• 1 чаша свежи лисја магдонос
• 1 чаша замрзнати ананас или парчиња манго
• 2 коцки мраз
Инструкции: Измешајте додека не се изедначи