Девојки, денес решивме да споделиме со вас три пролетни комбинации на македонската модна блогерка Алмира која стои зад блогот „styletornado95“.
Во првата комбинација која што ќе ја видите на следната фотографија, Алмира носи широки панталони во мастило сина боја која е апсолутен хит за оваа сезона.
#1
Таа панталоните ги носи со тесна маичка со цветен дезен и во комбинација со сандали на платформа кои ќе ги видите и во наредната комбинација.
#2
Алмира на оваа фотографија носи комбинезон со интересен дезен од „Excelance“ во комбинација со сандали на платформа од „Zara“ и голема црно-бела чанта од „Accessorize“.
Во следната комбинација пак, Алмира носи блејзер од „H&M“ во тренди бордо боја во комбинација со сива маичка од „Stradivarius“ и тесни фармерки со висок струк од „Pull And Bear“.
#3
Интересно е и тоа што блогерката во оваа комбинција се фотокаше најпрво со балетанки од „Kitten“ кои потоа ги замени со црвени сандали со високи потпетици со етикета од популарниот шпански бренд за улична мода „Bershka“.
Па, кое од овие изданија ви се допаѓа најмногу?
Доколку сакате да го посетите блогот на Алмира, кликнете тука »