Македонка во фустан и чанта од Дијана фон Фурстенберг и бели стилето чевли од Кристијан Лобутен
Познатата македонска блогерка Лили која стои зад блогот „Аmolusso.com“ објави нов пост во кој можете да видите една многу интересна и различна комбинација.
Станува збир за фустан на Дијана фон Фурстенберг кој според блогерката е идеален за дипломска или матурска. Фустанот е долг, едноставен и со одличен крој, и во него ќе изгледате елегантно, одмерено но и секси.
Таа на фотографиите го носи во дневна варијанта, во комбинација со чанта која исто така е со потписот на Дијана фон Фурстенберг, но како што вели и самата блогерка, во добра комбинација со накит и вистинските високи потпетици, можете да го носите и за матурска, па дури и како гостинка на свадба. Лили го носи овој фустан со стилето од Кристијан Лoбутен.
Па, дали ви се допаѓа оваа комбинација? Доколку сакате да видите и други комбинации на Лили, кликнете тука.