Еве како Македонка носи реси во комбинација со краток топ
Погледнете ја оваа преубава комбинација на македонската блогерка Илина од блогот „Ilina Designs“ која беше објавен во нејзиниот пост (!) за големиот христијанскиот празник Велигден. :)
Илина во својот пост зборува за тоа дека не е зависник од брендирана роба, и дека од искуството што го има (а како модна блогерка богами го има!) сфатила дека не секогаш брендираната роба е најквалитетна. Токму нејзиното сако кое мораме да признаеме дека одлично и стои и кое го носи во едноставна, но совршена комбинација, како што вели таа самата, купено е од бутик во Струга каде продаваат „турска но, многу квалитетна гардероба“.
Сакото има двојна намена, односно ресите можат да ги извадите па можете да го носите и преку ден, но и кога не сте на работа, односно со само еден мал чекор повторно да им се вратите на ресите кои се апсолутен хит сезонава и да добиете совршен вечерен аутфит.
Таа сакото го носи во комбинација со тесни панталони, кроп топ и екстремно високи потпетици во бела боја, а фотографиите се направени во близина на Манастир Св. Богородица, с. Калиште, Струга.
Па, овој пат нема да ве прашаме дали ви се допаѓа оваа комбинација, туку само ќе кажеме. – Браво за Илина, го има најголемиот лајк од нас. Браво!
Доколку сакате да видите повеќе нејзини комбинации кликнете тука »