9 Оригинални идеи како да ги организирате и чувате вашите козметички производи – Втор дел
Во првиот дел ви претставивме 9 оригинални идеи. Следат уште девет.
За да заштедите простор, лаковите и сличните производи чувајте ги во држачи за вино!
И, доколку сте волни, имате време и сакате да внесете ред меѓу вашите козметички производи, ве уверуваме дека тоа можете и сами да го постигнете !
Ставете ги палетите сенка во држач за писма!
Поединечните сенки ставете ги во калап за коцки мраз за да бидат попрегледни!
Во ваков организатор за накит распоредете ги и помалите производи за разубавување!
Залепете магнет на задниот дел од makeup производите, па закачете ги на метална плоча. Ќе добиете ем прегледост, ем украс на ѕидот!
Искористете ги пластичните кутии за храна да организирате туфери, топчиња вата и стапчиња за уши!
Ставете ги лаковите за нокти во стаклена здела за колачи!
Искористете ги празните кутии од колачи за да ги сортирате кармините и сјаевите за усни…
Ставете ги гумените стегачи и ластичиња за коса на грлото од шише за вино – никогаш веќе нема да се изгубат!
За првиот дел кликнете тука »