Реклама
Блогерија

Еве како се носи капут од крзно и скинати фармерки

Реклама

Италијанската блогерка Кјара (Chiara), има завршено правен факултет, а својот блог „The Blonde Salad” го започна во 2009 година.

Почетната идеја на нејзиниот блог беше да пишува патописи додека престојуваше во Америка усовршувајќи го англискиот јазик, што со тек на време се претвори во блог посветен исклучиво на модата.

Маркетинг

Таа до 2011 година стана омилено лице помеѓу светските модни блогерки, а истата година ја доби италијанската награда TRL за „Best Look, потоа наградата „Newcomer Blogger of the Year”, како и наградата „Bloglovin“ од Њујорк.

Маркетинг

Модна инспирација на Кјара е Русинката Мирослава Дума, додека омилен дизајнер – Александар Меквин (Alexander McQueen). Таа е позната по тоа што секогаш успешно ги комбинира брендовите како Манго, Зара, Х&М и останатите high-street брендови со скапи модни марки како и со високата мода. Нејзините парчиња, варираат од неколку стотици, па се до неколку илјади евра.

„Едноставно се раѓате со чувство за мода, па она што го носам не мора секогаш да биде скапо и маркирано за да изгледа добро. Често комбинирам парчиња од баба ми со својата гардероба, како и гардероба од second hand бутици. “ вели таа,  Маркираната гардероба ја купува на распродажба, а во главно добива многу скапоцени парчиња од дизајнерите кои го користат нејзиниот блог како реклама.

Благодарение на врските кои ги има во модниот свет таа лансираше и чевли со својот потпис кои се продаваат успешно низ Европа. Таа инсистира сите материјали кои се користат да бидат од Италија, а нејзините колекции се посветени на жените кои водат сметка за едноставност, но и за елеганција во исто време. Станува збор за чевли кои наједонставно можат да се опишат со три збора, а тоа се шик, рафинирани и природни.

Што се однесува до комбинацијата што Кјара ја носеше во Берлин оваа година, станува збор за чизми од Шанел, и стар винтаџ капут.

Елегантниот крзнен капут таа го носеше со скинати црни фармерки од J BRAND, а целата комбинација е заокружена со портокалова чанта HERMES KELLY и златни рејбанки.

види повеќе »

Па, што велите за овој избор на Кјара?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button