Елена од Скопје, која стои зад модниот блог Shy but secretly Fabulous беше во посета на Nail Bar Jasmine каде доби прекрасни нокти.
Таа, како што пишува на нејзиниот блог, подолго време барала добар козметички салон, па по препорака на колешките блогерки кои имаа само пофални зборови за Nail Bar Jasmine (специјализиран само за маникир) решила да го посети.
Елена по кратко советување со Наташа и Симона, кои се дел од професионално едуцираниот тим во наил барот, се одлучила за маникир со свежа бела боја на лак и по два акцентни нокти и на двете раце. Дизајните се извонредни, од кој едниот е сложен дизајн со линии кои бараат многу големо внимание, а бидејќи во тренд е и маникир со фолии, Елена решила и тоа да го вклучи во маникирот.
Погледнете го резултатот!