Бидете шик во фармерки кои можете да ги носите на прошетка, на работа.. но и да останете во нив кога ќе сакате да излезете.
Носете ги без ремен, но само AKO сте сигурни дека нема да ги изгубите …
Не велиме дека треба да ги заборавиме нашите омилени skinny фармерки и да ги оставиме за некои подобри времиња, туку само би сакале да ве прашаме дали имате во плакарот фармерки со лежерен baggy крој?
Да, овие модели оваа сезона се апсолутен хит, и тоа најмногу поради големата популарност на boyfriend моделите кои можат да се комбинираат со сите можни парчиња кои ги носиме во овој период– од тексас кошула, па се до oversize џемпери и капути кои исто така се едни од најпопуларните за оваа сезона.
види повеќе » |
Но, доколку ги разгледате фотографиите од најпознатите street style галерии ќе забележите дека покрај boyfriend моделите, девојките се почесто носат фармерки кои се со класичен крој и кои најмногу потсетуваат на baggy skinny варијанта, односно тесни фармерки кои ви се за 2- 3 броја поголеми.