Реклама
Секс

Дали треба да ја признаете прељубата?

Реклама

Едноставно, тоа била една глупава одлука во еден глупав момент и се случило тоа што се случило, но сега никако не можете да го заборавите и постојано ве прогонува мислата дека сте направиле нешто лошо …

Маркетинг

Секако дека не ви е лесно и дека не знаете каква ќе биде реакцијата на вашиот партнер доколку дознае дека сте биле интимни со некој друг. Но, прашањето е дали треба за тоа самите да му кажете и да ризикувате неговата реакција да биде пресудна за понатамошниот тек на вашиот однос.

Ова е многу осетливо прашање, но во секој случај најпрво треба добро да си ги преиспитате сите мотиви за тоа како и значењето на информациите кои што ќе ги откриете за вас.

Дали навистина таа врска од една вечер е толку важна што ве дефинира, дали нејзиното значење е толкаво што вие не можете да преминете преку тоа, дали сето тоа зборува за вас дека не сте добри како личност? Доколку така размислувате ќе ве заболи секоја реакција, затоа најпрво морате да си простите самите на себе, па дури тогаш да се извинувате и да барате прошка од друг, која не знаете дали ќе ја добиете!

Маркетинг

Доколу тоа се случило само еднаш, тогаш најдобро е ништо да не зборувате, вели психологот Марчела Бакур Вајнер за „Космополитен“ објаснувајќи дека „најверојатно ќе се чувствувате подобро, но тоа дефинитивно ќе влијае на и ќе ја разниша довербата помеѓу вас двајцата“.

Но, доколку веќе одлучивте прељубата да ја задржите само за себе, тогаш внимавајте да не кажете нешто во врска со тоа и на никој друг, затоа што ситуацијата ќе биде уште полоша доколку тој разбере од некое трето лице.

Од друга страна пак, доколку одлучите да признаете, тогаш треба да се надевате дека другата страна ќе ја цени вашата искреност. Но, доколку со признанието само сакате да си олесните самите на себе си и да го испрете чувството на вина и грижата на совеста, а од друга страна нему да му го натоварите тоа како ќе се чувствува и како ќе реагира, во тој случај подобро е сето тоа да го задржите за себе и добро да си ги преиспитате своите емоции и чувства.

Што е она што ве натера да го направите тоа? Како дојдовте до таму? Дали може да се повтори? Што треба да преземете за такво нешто да не се случи повторно?

Едноставно, не бидете мрзливи, одвојте доволно време и почнете да размислувате зошто воопшто ви се случило тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button