Некои фраери едноставно се губат за време на сексот, но затоа тука сте вие за да им го покажете вистинскиот (и најбрзиот) пат.
Еве неколку совети како најдобро да го направите тоа:
„Ах.. колку е добро чувството кога ми го допираш клиторисот… Тоа навистина ме возбудува!“ (Па, штом можевме вака јавно да го напишеме овој збор без да ни се вцрвенат образите, можете и вие да му го споменете на саканиот, нели?)
Ставете „малку квасец“ во неговото его, за да може тоа убаво да порасне, и добијте совршен рецепт како да се задржи на вашиот клиторис. Пофални зборови и само пофални зборови, а доколку пред тоа не бил баш највешт во тоа, токму сега му дадовте до знаење што да прави.
И потоа веднаш резултатот станува еден нула за вас, вие водите во оваа игра, освен ако саканиот не ве праша – „Мило, а што е тоа клиторис?“
Кога ќе почне да ве бакнува, нежно сопрете го и шепнете му да ве гледа. Почнете да се допирате самата токму онака како што сакате, а потоа дадете му до знаење дека нему му е редот да го прави она што најмногу ве возбудува.
Како прво, вашето допирање пред неговите очи дефинитивно ќе го запали. И тоа многу! А и фраерите сакаат да имаат јасна слика пред себе и тоа ги возбудува, па кога еднаш ќе види кои движења ги правите и ги сакате, техниката ќе биде совладана многу полесно.
Пожелно е кога ќе почнете да се допирате и да прокоментирате нешто, за да му дадете до знаење дека сте возбудени, но и да покажете кои се вашите „слаби“ точки.
Ставете лубрикант на неговите прсти и прошетајте ја неговата рака долу, и потоа малку „прошарајте“ со неа, точно онака како што сакате.
Доколку го направите ова, што ќе биде многу секси, вашата рака која што ќе ја води неговата ќе му ги открие сите тајни на занаетот.
Клиторисот е многу чувствителен и најубаво е кога ме допираш нежно!
Не двоумете се да му го кажете ова доколку неговата игра е прегруба за вас. Кога јасно и гласно ќе му кажете што ви е убаво, а што ви пречи, тогаш информациите дефинитивно ќе стигнат и до неговата глава. Без разлика што атмосферата е напната, а тој веќе е таму доле…
Не можам да доживеам оргазам без стимулација на клиторисот!
Бидејќи фраерите немаат клиторис, не треба да им се лутите што баш најдобро не го разбираат вашиот проблем. Затоа треба да му дадете до знаење дека без да го вклучите во игра вашиот клиторис работата може да биде само до половина завршена и потоа тој самиот ќе се снајде. Во спротивно, споделете го овој текст со него, можеби ќе го прочита и ќе добие некоја интересна идеја …