Неколку совети од познати девојки во врска со Денот на вљубените!
Денот на вљубените почнува се повеќе и повеќе да се слави и кај нас. Без разлика што се работи за истиот празник со св. Трифун, кој што ние го славиме малку поразлично. Но, сепак, западната мода полека преовладува и денот на вљубените може да ни биде и нам вистински кошмар доколку не преземеме нешто и не направиме во врска со тоа. Па така, еве што не советуваат некои познати жени од Америка.. А има ли нешто по веродостојно од тоа кога жена на жена ќе и даде совет?!
Аланис Морисет
„Се додека тој не почне да ви ги чита мислите, дајте му до знаење што точно саката да ви купи како поклон за Денот на вљубените. На пример испратете му некој линк од некој портал (за ова идеално решение ви е нашата рубрика Трендови). На крајот можете да добиете дури и аплауз.“ – Alanis Morissette, пејачка.
Геил Симонс
„Зготвите нешто за него. Или уште подобро зготвите нешто заедно.“ – Геил Симонс судика во „Top Chef: Just Desserts“ и автор на „Talking With My Mouth Full“.
Ејми Ли
„Доколку сте сингл, гледајте некој филм како што е ’Dirty Dancing’ или ’Sleepless in Seattle’ и испијте поголемо количество на црвено вино. Доколку сте во врска, не очекувајте тоа да ви биде најромантичната вечер во животот. Секогаш кога тој ќе направи нешто слатко за вас, вие ќе сакате уште“ – Ејми Ли, пејачка.
Лорин Вајсбергер
„Испијте навистина добра боца од розе шампањ. Како сингл тоа ќе направи да исчезнат од вашиот видик сите оние слатки парови околу вас, доколку сте во врска пак тоа ќе ви помогне да заборавите на тоа што вашиот сопруг ги откажал плановите за вечера поради неговите работни обврски “ —Лорин Вајсбергерr, автор на „The Devil Wears Prada“ и „Last Night at Chateau Marmont“.
Џенифер Вајнер
„Купете си чоколадо! Но не од оние обичните, туку појдете до некоја специјализирана продавница за чоколади и купете нешто навистина посебно“ – Џенифер вајнер – автор на „Good in Bed“ и „In Her Shoes“.
Мелиса Бенк
„Разубавете му го на некој денот така што анонимно ќе му испратете честитка. Направете го тоа за ваш пријател, роднина или комшија. Секогаш постои некој во вашата близина кому малку внимание ќе му дојде убаво.“ — Мелиса Бенк, автор на „The Girls’ Guide to Hunting and Fishing“.