Реклама
Нега и здравје

Како брзо да се ослободите од 10 кг

Реклама

Многу луѓе ќе се чувствуваат многу подобро, ќе изгледаат подобро и ќе имаат поголема самодоверба ако успеат да се ослободат од десетина килограми.

Маркетинг

Дури и да успеете брзо да се ослободите од вишокот килограми со помош на некоја брза диета, изгубените килограми најчесто исто така многу брзо се враќаат кога ќе се вратите на нормална исхрана. Здравото слабеење и усвојувањето на здрави навики ги зголемува шансите да ја задржите постигнатата тежина. Треба да се научите да се воздржувате од калорични намирници и пијалаци, да се придржувате на здрав план за исхрана и секојдневно да се занимавате со физички активности, макар и со пешачење, и за неколку недели ќе успеете да ги намалите килограмите и процентот на маснотии во телото.

План за исхрана

Маркетинг

1.

Не внесувајте никаква преработена храна. Ова се однесува на пијалаците со висока содржина на шеќери, и газираните и негазираните. Обидете се да ја ограничите количината на шеќер што ја внесувате, дури внимавајте и со кафето. Не јадете никаква храна со многу маснотии и многу шеќери како колачиња и торти.

2.

Заменете ги сите пијалаци со ладна вода. Теоријата е дека телото треба да работи понапорно за да ја обработи ладната вода поради нејзината ниска температура, па така телото согорува неколку калории плус кога ќе се напиете ладна вода.

3.

Пијте најмалку 8 чаши вода на ден. Не додавајте шеќер или вештачки засладувачи доколку пиете чај. Водата го прочистува телото од отровите.

4.

Јадете многу овошје и зеленчук, посебно јаболка и цитрусно овошје. Тие го забрзуваат процесот на согорување на мастите. Не користете конзервирани производи бидејќи тие содржат големи количини на шеќер или сол, што не оди во прилог на намалувањето на тежината.

5.

Јадете многу интегрални житарки. Заменете го белиот леб со интегрален, белите тестенини со интегрални и белиот ориз со интегрален ориз. Јадете интегрални житарки за појадок.

6.

Купувајте млеко со помала масленост. Настојувајте и другите млечни производи да бидат со помала масленост.

7.

Купувајте ниско калорични меса и риби, како пилешко без кожа, мисиркино, телешко или риба.

8.

Јадете повеќе помали оброци дневно наместо три поголеми. Ако јадете почесто а во помали количини ќе го забрзате метаболизмот и нема да се чувствувате гладни.

9.

Ограничете го внесот на калории на 1500 во рок од еден месец.  Доколку сакате да ослабите најважно е да го ограничите внесот на калории, и посебно внесот на маснотии на најмногу 30 грама дневно.

Вежби

1.

Вежбајте секој ден, 6 до 7 денови во неделата. Обидете се да правите кардиоваскуларни вежби 30 минути наутро и 30 минути навечер.

2.

Кревајте тегови 30 минути по секоја сесија на кардиоваскуларни вежби. Правете различни вежби со тегови наменети за бицепсите, трицепсите, грбните, градните мускули и рамениците.

3.

Правете чучњеви и склекови по вежбите со кревање тегови 3-4 денови во неделата. Зголемувањето на мускулна маса во нозете е од суштествено значење за слабеењето бидејќи колку поразвиени ви се мускулите на нозете толку повеќе калории ќе трошите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button