Реклама
Секс

Како да доживеете два оргазми во исто време?

Реклама

Жените за време на сексуален однос не само што можат да ги нижат оргазмите еден по еден, туку можат да доживеат и два оргазми во исто време.

Секоја жена, покрај клиторалниот оргазам, може да доживее и вагинален, а максимално задоволство е доколку таа ги доживее двата оргазма истовремено. Единствен проблем е во тоа што вагиналниот оргазам се доживува многу поспоро од клиторалниот, па затоа вие и вашиот партнер ќе морате да бидете малку порешителни доколку сакате да го почувствувате тоа „О2“ задоволство.

Маркетинг

Едноставно, колку подолго трае сексуалниот однос, толку поголема количина на крв циркулира низ телото и со тоа се надразнува секоја педа од него, а тоа е она што е најпотребно за да се доживее вагиналниот оргазам.

Маркетинг

Ама како?

Што се однесува до позите, па и самите знаете дека можат да бидат најразлични, во зависност од пригодата и од вашите желби. Сепак, најдобра поза за постигнување на двоен оргазам можеби е  познатата „кучешка“ поза, односно кога вие ќе се најдете на колена и ќе се потпирате со рацете, а тој на „работна задача“ позади вас. Во ова поза вашиот партнер најлесно може да дојде до „Г“ точката, а и неговите раце се слободни, па можат да се најдат на вистинското место, во вистинското време, и да ви помогнат во намерата.

Покрај оваа поза, двојниот оргазам можете да го доживеете и во многу други пози, а можеби најпаметно ќе биде доколку го земете кормилото во вашите раце. Тој нека биде во лежечка позиција, а вие седнете врз него и правете ги оние потези кои најмногу ве возбудуваат, и притоа не заборавајте да го стимулирате клиторисот со рацете. Така ќе ја предводите играта онака како што вие сакате, а за полесно да го достигнете двојниот оргазам, обидете се со движењата на телото да се стимулирате што е можно повеќе.

Аха…

Ова можете да го правите и во фотелја, со тоа што доколку вие сакате да бидете одоздола, тој ќе мора да оди на колена, а вие удобно да се наместите. Наш совет за во фотелја е тој да остане одоздола, а вие да му го свртите грбот и да се наместите. А откако ќе го направите ова, пробајте со кружни движења. Не заборавајте со рацете да го стимулирате клиторисот, и сето тоа додека се „играте“ со неговиот пенис, но само со помош на вагиналните мускули.

Потоа се што треба да направите е да се опуштите, да го успорите темпото, да го контролирате ритамот и на моменти да се поместите, па ако треба дури и да ја смените позата. Сето ова го правите само се една цел, а тоа е  вашата „V“ зона да биде што повеќе во игра. По неколку одлагања, слатката мака ќе ве донесе до портите на незаборавниот двоен климакс.

Пробајте, нема да зажалите!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button