Реклама
Секс

Што мислат Македонките за секс во тројка?

Реклама

Според најновите истражувања на некои универзитети во лудата Америка, се повеќе девојки сакаат да пробаат секс во тројка.

Без разлика дали станува збор за секс со двајца мажи или со еден маж и една жена, сексот во тројка на континетот на бизоните од ден на ден станува се попопуларен. Истото се случува и во земјата каде што сите пијат чај (!) и прават луди журки, т.е. Англија. Според едно истражување на магазинот „The Sun“, во кој учествуваа преку 20.000 читатели, 26 отсто од машката и 23 од женската популација често практикуваат ваков секс.

Маркетинг

Токму и затоа решивме да поразговараме со неколку наши соговорнички во врска со ова, и еве како тие гледаат на овој феномен:

Маркетинг

„Што? Секс во тројка? Па вие сте луди. Не сакам да ви одговорам на ова прашање“, – беше одговорот на насмеаната Вале, која што живее и работи во Лондон и за која мислевме дека е со отворени сваќања и се надевавме дека ќе ни даде некој поинтересен одговор на оваа тема. Но, ние бевме упорни и продолживме со прашањата и за среќа не беа сите запрепастени од прашањето како неа.

„Порано, кога бевме помлади, со пријателките се шегувавме дека тоа мораме некогаш да го пробаме, но еве, до ден-денес, колку што јас знам, никоја од нас се уште не пробала. Или барем не се пофалила. Но, никогаш не е доцна нели? – ни рече 33 годишната Милена, која работи како продавачка во една продавница.

„Пред 10 години, во младите луди години, кога мислев дека се што лета се јаде, се излажав и решив да го направам тоа. Иницијаторот бев јас, се договоривме со моето тогашно момче и еден негов другар. Но, откако се случи тоа што се случи, со брзината на светлината се рашири муабетот помеѓу нашите пријатели, и еве, јас ден-денес се каам за мојата непромисленост. Да можам да го вратам времето назад, воопшто нема да размислувам и нема шанси тоа повторно да го направам. Барем не во Македонија, каде можат сите да те разберат и потоа со други очи да те гледаат“, вели 39-годишната Катерина од Скопје, сопственичка на приватнa фирма.

„Сексот навистина го сакам и отсекогаш сум сакала да го доживеам тоа искуство, но штом еднаш дојдов во ситуација и вистински да ја реализирам оваа моја фантазија, моите мисли и ставови се променија и отидоа во сосема друга насока. Веднаш почувствува љубомора кон девојката којашто требаше да биде ’другата пеперутка‘ во нашата љубовна игра, иако знаев дека сум поатрактивна од неа. И токму затоа никогаш не дојде до групен секс, иако се беше подготвено тоа да се случи. Можеби проблем беше и тоа што премногу бев вљубена во мојот тогашен дечко…Но сепак морам да признам дека помислата на секс со двајца мажи се уште ми звучи примамливо.“ – вели Тања, која што работи како професорка во едно средно училиште.

„Па искрено да ви кажам, јас сум премногу себична за да го делам партнерот со некоја друга, а верувам дека истото го чувствува и тој. Ситуацијата пак, јас да бидам втората виолина секако дека не доаѓа во предвид, така да дефинитивно не сум позитивно настроена кон секс во комбинација со уште некој, без разлика дали станува збор за припадник на посилниот или понежниот пол“, вели Маја, вработена во една туристичка агенција.

„Јас имав едно вакво искуство пред само 3 години, за време на моите студии. Мојот добар пријател (и повремен секс партнер) и јас заедно излеговме во клуб и поднапиени сретнавме негова пријателка, поранешна девојка, и се случи тоа што се случи. Беше фино и интересно, но кога пред некое време помислив да го повторам тоа искуство со мојот партнер во кого сум многу вљубена, експресно брзо ја отфрлив таа идеја! Едноставно не можев да го замислам со друга девојка, па и пред мои очи! Се водам од девизата „Никогаш не вели никогаш“, но сепак мислам дека искуството од студентските денови нема да го повторам со човекот кого многу го сакам.“ – вели Маја, дипломиран економист, вработена во една приватна фирма.

„Можеби сум конзервативна, но таквите нешта навистина не ми се допаѓаат. Велат дека за љубов се потребни двајца, што значи дека секс во тројка нема никаква хемија. Барем не онаа што е поврзана со љубовта. Станува збор за страст и експериментирање и ништо повеќе. Мојот одговор дефинитивно е негативен. Јас не сакам такви работи“, беше категорична Јасмина која работи како преведувач.

Па, драги наши читатели, како што и самите можете да се уверите, Македонките и не се баш расположени за овие егзибиции, иако има исклучоци, и им се заблагодаруваме од се срце на сите што беа искрени и го споделија нивното искуство со нас. Но, главното нешто што го забележавме кога разговаравме со нашите соговорнички е тоа дека сексот во тројка е се уште табу тема во Македонија, така што голема е веројатноста и оние што сакаат да пробаат, нема да се осмелат тоа да го направат. Од друга страна пак, исто така многу се ретки девојките кои сакаат отворено да зборуваат на оваа тема, па оттука следува и едноставниот заклучок – Македонките и да сакаат секс во тројка, тоа многу тешко ќе го дознаеме!

Но, тоа не треба да ги обесхрабри оние што сакаат да пробаат секс во тројка и за нив имаме еден краток совет. Доколку сакате да пробате секс во тројка, тогаш треба да внимавате на заштитата, хигиената и пред се на односот со вашиот партнер. Доколку сметате дека вакво нешто би можело да ја „освежи“ вашата врска, добро размислете, бидејќи многу лесно може да се случи и да ја расипе.

Така, можеби е најпаметно да бидете аутсајдерот во оваа ситуација, т.е. учесникот кој што во играта влегува со најмал влог и без многу емоции. Или сепак, можеби е најдобро некои работи да останат само во доменот на фантазијата, без разлика на тоа колкумина од нас, понекогаш, размислуваме за нив …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button