Изгледа дека конечно е пронајден револуционерен лек за една од „најсмртоносните“ и најопасните болести во машко – женските односи од кога постои светот и векот.
Студијата која ја направиле професори од јапонските универзитети Веседо и Кјуши, покажува дека можеби постои лек кој би можел да ги спречи мажите да подлегнат на магијата на атрактивните жени и да бидат заведени. Во прашање е моноциклин, антибиотик од групата на тетрацикини, кои се користат за лекување на акни и други кожни инфекции, како што e на пр. лајмската болест.
Во поново време истражувачите (исто така во Јапонија) откриле дека и кај пациенти заболени од шизофренија, а лечени со моноциклин, доаѓа до драматично подобрување кога станува збор за психотичните симптоми. Ова наведува на заклучок дека на менталните процеси, расположението и донесувањето одлуки, можно е да влијаат евентуалните процеси на запаление на мозокот или пак дека овој лек на некој друг, засега необјаснив начин, влијае на функционирањето на човечкиот ум.
Во студијава за која станува збор, јапонските професори ги поделиле машките испитаници во две групи. Едните четири дена добивале моноциклин, а другите плацебо. После тоа од испитаниците било побарано врз основа на фотографии од женски лица, да проценат колку доверба би ú дале на секоја од фотографираните личности и дали во компјутерска игра би ú дале сума од 1 300 јени. Правилата на играта биле такви да сумата може да се задржи, но доколку пак истата сума кај жените во текот на играта се зголеми тројно, самите жени после тоа може да одлучат дали ќе ја поделат истата со мажот од кого ја добиле првичната сума, или пак ќе ги задржат сите пари. Од друга страна, сите жени уште на почетокот добиле упатство, евентуално претходно поклонетите пари да ги задржат за себе, но мажите овој податок не го знаеле.
На крајот на истражувањето се забележало дека мажите во принцип биле далеку посклони, (незаслужено) да им дадат доверба на жените кои ги имаат проценето како привлечни, како и дека комбинацијата на атрактивни жени и пари кај нив предизвикувала засилено возбудување и поголема спремност на ризик. Меѓутоа, тоа во целост важело само за мажите од контролираната група, додека оние под дејство на моноциклин им поклонувале далеку поретко и помалку пари на жените кои претходно ги оцениле како привлечни и атрактивни.
На ваквата машка реакција, односно склоност на привлечните жени да им се поклони доверба и вредни ресурси, при што здравото расудување во добра мера се губи, е засновано и користењето на привлечни жени како шпиони кога од мажите треба да се извлече некоја тајна, како и делувањето на професионалните заводнички, кои на ’жртвите‘ им пристапуваат пред сé имајќи ја во предвид сопствената материјана корист.
Овие појави се стари колку и самиот свет, а антибиотик со потенцијално опасни нуспојави, секако (и за жал!) не е средство кое би можело превентивно да се употреби против нив.