Освен што се важна ерогена зона и „хранителки“ во најраните денови од животот, женските гради имаат уште многу други значења – барем за мажите.
Мажите ги сакаат женските гради. Тоа е општо познат факт, но жените во секој случај не ја разбираат оваа машка фасцинација. Не е тоа само затоа што се убави или што се симбол на женственоста и сексуалноста, причините се всушност различни и многу интересни.
Ги смируваат
Во овој суров свет, полн со остри рабови – во буквално и преносно значење – женските гради доаѓаат како мелем на рана. Овални, крупни и топли, успешно ги смируваат мажите. Секако, потсвесно ги потсетуваат и на најраното детство кога им биле единствен извор на храна и им давале чувство на сигурност, стабилност и заштита.
Симбол на плодноста
Градите се едни од главните одлики на женственоста. Ако се големи и убави, кај мажите потсвесно го будат чувството на плодност и здравје, но и чувството за продолжување на човековата раса. Женските гради во очите на мажите ја симболизираат способноста за давање и одржување во живот и нежност.
Важна ерогена зона
Мажите знаат дека женските гради се посебно чувствителни, па затоа се и важна ерогена зона. А бидејќи претставниците на посилниот пол сакаат кога и пружаат задоволство на жената, тие знаат дека градите играат важна улога во тоа, па затоа настојуваат добро да ги проучат – во секој поглед!
Убави се за гледање
Мажите се визуелни типови и ги возбудува она што го гледаат (а понекогаш и она што не го гледаат). Токму затоа знаат да гледаат во женските гради дури и кога тоа не е баш најпристојно. Едноставно не можат да им одолеат бидејќи знаат дека тоа е едно од најважните делови на телото кога станува збор за сексапилност.
Влијанието на општеството
Можеби би било подобро и поконкретно да се каже дека всушност станува збор за влијанието на медиумите, ако се земе во предвид дека секојдневно сме изложени на голем број фотографии од женски гради. Бидејќи тие се постојано бомбардирани со такви информации, мажите стануваат ’програмирани‘ – женските гради се симбол на желбата и страста.
Привлечноста на скриеното
За разлика од женските раце кои секогаш се изложени кога надвор е топло, градите се секогаш скриени (или скоро секогаш). И тоа е она што ја скокотка фантазијата кај мажите, а женските гради стануваат скоро мистичен предмет и објект на љубопитност и желба.