Можеби не знаевте, но мажите кои се склони кон преварите можете да ги препознаете врз основа на физичкиот изглед. Така барем вели сексологот Трејси Кокс.
Па така, доколку ги следите советите на Трејси, доволно е само еден поглед кон одреден претставник на посилниот пол и веднаш ќе сфатите дали тој ја има слабоста постојано да се додворува и да сака да влезе под фустанчето на секоја убава девојка што ќе ја сретне во животот. Трејси Кокс (какво име, нели?) има направен профил на еден таков типичен „неверник“, а еве ги и неговите карактеристики.
Висок е
Повисоките претставници на посилниот пол имаат поголеми шанси да бидат престапници во љубовните врски, а тоа е и научно објасниво. Тие имаат поголемо количество на тестостерон, па така многу полесно можат да завршат во туѓа прегратка.
Со раширени очи е
Мажите со поголемо растојание меѓу очите повеќе се склони кон сексуалните афери, од оние со помало растојание. Зошто е тоа така, Трејси Кокс не објаснува, па претпоставуваме дека таквиот „распоред“ на очите дава поголеми предиспозиции да се види нешто што не треба да се види.
Има густи веѓи
Доколку вашиот партнер е со ретки веѓи, тогаш не треба да се грижите дека тој ќе ве изневери. Но, доколку пак, е со густи, тогаш добро отворете очи и внимавајте, дури и кога се во прашање вашите пријателки.
Голем нос
Доколку вашиот партнер има нос кој остава впечаток на нешто силно и големо, но сепак ускладено со неговото лице, тогаш морате да внимавате на тоа негово „носенце“ . Овие мажи често сакаат да имаат малку необичен секс.
Развиени мускули
Девојки да се разбереме, не се сите момци кои одат во теретана „измамници“. Па меѓу нив има секакви, нели? Но, доколку вашиот оди во теретана само за да ги развива мускулите (особено бицепсите и стомачните), наместо заради здравје, тогаш треба да знаете дека тој го прави тоа за да му се допадне на целиот женски свет. Е сега проблемот настанува кога тој навистина ќе им се допадне…
Има коса како Бранко Црвенковски
Девојки, ова не е шега. Според Трејси, сите мажи кои имаат странично кратка коса, а подолга во предниот дел се многу поголеми измамници и склони кон прељуба. Но, зарем во овој опис не влегуваат скоро сите ликови што ги познаваме?!
Пие алкохол и кафе
Оние мажи што консумираат алкохолни пијалаци и кафе, но во нормални количини, се многу помалку склони кон изневерување од оние што тоа го прават многу почесто.
Има големи тестиси
Проблемот кај оваа карактеристика е во тоа што се воочува дури кога веќе е доцна (освен доколку не се информирате навремено, нели?). Од друга страна пак, научниците веат дела тоа е така бидејќи кај овие мажи повеќе се произведува сперма, па тие често се робови на нивното либидо. Претпоставуваме дека не би сакале да знаете колку е тоа често…
Што да правите доколку имате ваков партнер?
Секако дека не треба да му раскинете, бидејќи ова истражување не е 100 процентно сигурно. Но, доколку препознаете некоја ваква карактеристика кај вашиот партнер, тогаш нека бидат вашите очи широко отворени и добро внимавајте на него, вели чукнатиот сексолог Трејси Кокс, а пренесе српскиот Курир.