Дали знаевте дека Хунзите, кои живеат во затскриен регион на Хималаите, со нивните „тајни“ за здрав и подолг живот, можат да ви помогнат и вие да имате одлична здравствена состојба и живот до 100 години?
Тајната на Хунзите за нивната долговечност и младост се состои во начинот на нивната исхрана – односно во нивната диета. Д-р McCarrison инспириран од Хунзите е првиот кој го документира нивниот начин на живеење. Во својата серија од истражувања, со кои имал за цел да ги открие ефектите на диетата на овој интересен народ, тој експериментирал со голем број стаорци врз кои ги набљудувал ефектите од нивната диета како и придобивките од истата.
Врз основа на тоа истражување, донесен е заклучок дека основните квалитетни компоненти во исхраната на Хунзите се:
· Овошје и зеленчук: компир, боранија, грашок, моркови, репа, спањак, марула, јаболка, круши, кајсии, праски, цреши и боровинки ;
· Јаткасти плодови : ореви, бадеми, приготвувани во масло со техника на приготвување пренесувана низ генерациите ;
· Животниски протеини : Особено млеко, сирење и пилешко. Нивната исхрана не е строго вегетаријанска, конзумираат и многу малку месо ;
· Кисело млеко : од клучно значење за здравјето на цревната флора ;
· Зрна : Јачмен, просо, леќа и пченица. Приготвено во форма на леб наречен, chapatti, кои Хунзите го земаат со секој оброк.
Состојките од кои се состои нивната секојдневна исхрана е главната причина нивниот животен век да изнесува до 130 односно 145 години. Тие имаат совршено ментално и физичко здравје, практично недопрено од рак, срцеви заболувања, висок и низок крвен притисок, дијабетес и други заболувања.
За да ја почувствувате моќта на нивниот начин на живеење, потребно е сами да вложувате во себе. Да посветите повеќе внимание на исхраната, но не само со тоа што ќе одлучите што треба да биде вашиот денешен оброк или главното јадење, туку и начинот на подготовка на истиот. Сето тоа треба да биде надополнето со редовни прошетки, бидејќи за Хунзите од 10 до 15 километарски патеки се вообичаена рута, потоа да се користат јога техники, јога дишење (бавно, длабоко) и ритмичка релаксација. Но, најважно од се е тоа што треба да се опуштите и да направите интересен и релаксирачки амбиент во кои ќе уживате и кој ќе стане дел од вашето секојдневие.
Па.. дали некој тука сака да се обиде да живее како Хунзите? :))