Постојано сум опкружена со идиоти и фаци кои постојано ме потсетуваат на типот на мажи со кои никогаш не сакам да се забавувам…
Од една гледна точка, добро е да се опкружите себе си со луѓе кои никогаш не би сакале ни да ги допрете, затоа што ви помага наредниот пат навистина да го цените добриот дечко на кој ќе налетате наредниот пат.
Фалбаџија
Ве уверувам дека ако некогаш се обидете да ме импресионирате кажувајќи ми колку пари правите, каков модел ви е колата, големината на пенисот, каде сте биле на одмор со родителите како дете, колку можете да испиете во една вечер или колку пати во неделата шмркате кока по некои ексклузивни места, јас ќе бидам првата која ќе ви ја стави дланката на лицето и ќе речам: „Не, фала!“
На овој начин никогаш нема да ме импресионирате. Поголемиот дел од времето – кога тип се обидува да импресионира жена – лаже, а другата половина, таа е подобра од него на секој можен начин и форма и веќе ги има направено сите работи со кои тој се обидува да се пофали.
Тип кој е како 13 годишно девојче
Навистина ми годи што ти се допаѓам, но немој да ставаш статуси на ФБ за мене, не ми праќај по 4 SMS-и пред да ти одговорам на телефон, не јавувај ми се постојано, немој на ФБ да ставаш фотографии од нас заедно кои се снимени пред 6 минути и немој да го поминуваш целото време кажувајќи ми колку многу ти се свиѓам. Па, барем не веднаш!
А доколку почнеме да излегуваме, а ти се однесуваш како 13 годишно девојче, тогаш знај дека од старт е готово! Мене ми треба маж, а не некој што постојано гледа серии на HBO, мислејќи дека така ќе допре побргу до мене!
Многу гласен
Има нешто дефинитивно не е во ред со типовите кои се гласни целото време. За мене, ако типот мора да го подигне гласот за да се почувствува дека е забележан, тогаш со сигурност има сериозни карактерни проблеми. Тој мора да ја докаже својата поента, а си мисли дека тоа може да го стори само ако вришти ко нетачен целото време.
Ова е тип на машко кое никогаш нема да признае дека греши, ќе збори секакви глупости без вистински да знае што сака да каже и ќе ’трипа‘ дека луѓето мислат дека е во право само затоа што е гласен и сите можат да го слушнат.
Тип кому му е срам да биде со вас
Ова е дечко кој што ве сака, обожава да поминува време со вас, разговара со вас на секакви теми, но тоа го прави само зад затворени врати. Тој го поминува целото свое време кажувајќи им на пријателите колку многу сака да биде сингл, жалејќи се за секоја жена во радиус од 100 километри и тврди дека тој никогаш нема да се ’смири‘. Кога ова всушност и ќе се случи, не само што и тој самиот е изненаден, туку и засрамен.
Најголемиот дел од времето го поминувал обидувајќи се да се покаже како голем фаца пред другарите, а сега омекнал за една девојка. Тој најчесто си мисли дека ова може да функционира со тоа што пред вас ќе се однесува различно, наместо јавно да ги покаже своите чувства. Никогаш немојте да се замарате со ваков тип!
Пасивен тип
Не, не сакам јас да бирам што ќе имаме за вечера, каде ќе излегуваме вечер, што ќе правиме во вторник и слично – сакам ти да ми го кажеш тоа! Сакам ти да правиш планови. Ако типот е пасивен во малите аспекти од својот живот, тоа значи дека е пасивен во сите аспекти на својот живот. А постојат специфични моменти кога пасивноста никако не одговара за нас жените.