Реклама
Секс

Според статусите на Facebook сега сме во сезоната на раскинувањата

Реклама

Нема да верувате што се може да се пресмета со Facebook.

Маркетинг

Со помош на неколку редови програмски код, луѓето од Facebook лесно можат да дознаат колкав процент од нивните корисници го смениле нивниот статус од „во врска“, во „сингле“. Па така, доколку и веруваме на оваа социјална мрежа, врвот на раскинувањата се случува во средината на декември. Еве ја статистиката и трендовите во врска со тоа:

Понеделник е најубавиот ден за објавување на информацијата дека сте раскинале, а тоа најверојатно е така затоа што станува збор за ден кој следува секогаш по бурен и незаборавен викенд.

Маркетинг

Летните празници се многу популарни за раскинување, но сепак на врвот е пролетта, кога најверојатно луѓето се решаваат да се откачат од старите навики, а според Facebook и од старите љубови.

Денот на вљубените исто така е популарен тајминг за раскинување, а најверојатно затоа што некои момчиња не ги задоволиле своите девојки со соодветни поклончиња.

Периодот пред нова година е многу популарен за раскинување, а тој почнува (внимание, ве молам!) токму од сега. Во средината на декември овој тренд е на самиот врв, а потоа полека почнува да опаѓа. Добра вест е тоа што луѓето најмалку раскинуваат за време на Божиќните празници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button