Алфа мажјак, кој воедно има стил и се однесува според бонтон, е нешто што ретко која девојка би го прескокнала кога за тоа би и се укажала ДОБРА шанса.
Секако дека не постои само еден тип на мажи кои лесно доаѓаат до срцата на понежниот пол и ги имаат клучевите од сите нивни брави, туку тоа можат да бидат мажи со најразлични „крвни групи“. Еве неколку од основните, па сега вие самите одлучете на кои од нив не можете да им одолеете. Притоа имајте на ум дека не станува збор за никакви врски или пак пловење низ брачните води, туку едноставно за чистата сексуална привлечност помеѓу вас и некој друг.
МАЖ КОЈ ГО ПОСЕДУВА „ОНА НЕШТО“
Едноставно, некои мажи со самата појава го привлекуваат женското внимание и тогаш за овие мажјаци велиме дека го имаат „она нешто“! Тоа може да биде буквално се – интересна фризура, став, глас, нарав или едноставно комплетната слика која што тој ја создава за себе и која лесно може да ве бутне од столчето. Понекогаш доволно е само еден поглед од ваквиот претставник на посилниот пол и вие веќе сте свесни дека меѓу вас има некаков „флуид“.
СИЛНИ И МАЖЕСТВЕНИ
Овие мажи им се слаба точка на скоро секоја претставничка на понежниот пол. Едноставно, поголемото количесво тестостерон и природна демонстрација на нивната сила лесно се вгнездуваат во близината на секое женско срце, па ваквите претставници се секогаш добредојдени и со многу поголеми шанси да бидат „подомаќински“ угостени отколку оние „останатите“.
СТИЛОТ ПРЕД СЀ
Дечко кој е елегантен, пристојен, секогаш добро облечен и кој знае добро да го „вози“ муабетот со секоја жена е само уште еден типичен претставник на крвната група која им е слаба точка на девојките. Ваквите претставници се пријатни за во друштво, за дружење, идеални се за да ви бидат колеги на работа, на факултет.. и не ретко се здобиваат со титулата „симпатија“ која може многу лесно да премине во статусот „потенцијален дечко за врска“
Едноставно жените сакаат внимание и кога некој ги слуша и сака да ги удоволи, а овие типови се како родени за тоа. Затоа девојки, добро внимавајте ако имате некој ваков во вашата близина, бидејќи многу лесно можете да ви се случи да завршите во неговата страсна прегратка!
Извор: stipka, kurir.rs
Рубрика: Љубов + Секс
{simplepopup}
{/simplepopup}