Внимание, внимание. Научните кругови го пронајдоа елексирот на младоста и тоа не е нешто што се кува во некоја алхемичарска лабараторија, туку – СЕКСОТ! Да, добро прочитавте – сексот помладува и ве одржува здрави!
Сексот го елеминира стресот и позитивно влијае на кожата, потоа го намалува ризикот од срчеви болести, ги зајакнува мускулите, ја потикнуваат циркулацијата и го создаваат чувството на среќа. Тоа во превод значи дека доколку сакаме да бидеме здрава нација, треба што почесто да се „трошиме“!
Жените со часови поминуваат пред огледалото обидувајќи се да изгледаат помлади, а богами во последно време се почесто се случува и посилниот пол да поминува време пред огледалото токму со иста намена. Но, според научниците, подобар резултат можете да добиете додека вашиот свеж изглед се обидете да го направите во кревет. Еве на што се делува редовниот сексуален однос:
Сексот е природна шминка
По секој сексуален однос протокот на крвта во организмот е многу подобар, со што добивате природен румен изглед и сјај на кожата. Овој природен изглед не можете да го добиете со ниту една шминка. И што е најважно, оваа природна шминка, во која усните ви добиваат природен црвен сјај, а кожата – блеска, може да трае со часови.
Сексот против брчките
Зголемениот проток на крвта во организмот, кој се случува додека водите љубов, го спречува настанувањето на брчките. Тоа е така бидејќи поради зголемениот крвоток, кожата добива поголемо количество кислород и хранливи материи – што значи, помалку брчки!
Мани зумба, дај „думба-думба“
Според научниците сексот е подеднакво добра кардиовежба како на пр. одењето на зумба. Пробајте и ќе видите дека што повеќе вежбате „думба-думба“, ефектите ќе бидат се повидливи.
Секси мачка
На сите ни е добро познато дека сексот позитивно влијае на расположеието, што од друга страна значи дека сте повесела, расположена, исправена, гордо и секси чекорите и многу полесно го излудувате машкиот пол. Но, сето ова е само по една добра партија секс, секако!
Сексот ве помладува
Според научниците, девојките кои практикуваат секс почесто, можат да изгледат и до 8 години помладо. Што значи, повеќе секс, секс, сек.. – и ќе изгледате помладо!
Секс наместо антибиотик
Покрај тоа што редовниот сексуален живот го намалува ризикот за болестите на срцето, ракот и депресијата, тој исто така влијае и против ширењето на заразните болести, грипот и другите вируси.
Поголеми гради
Верувале или не, но вашите гради по сексуалниот однос можат да се зголемат дури и за 25 %. Пробајте, па ќе видите! :)
извор: курир.рс, новински агенции