Реклама
Секс

Треба ли да имате секс со бившиот/та?!

Реклама

Една нова студија спроведена на континентот на бизоните укажува на тоа дека сексот со бившиот/та и не е така лоша работа, како што досега се сметаше.

Па доколку сте размислувале дека „пријателите со бенефиции“ се комплицирана работа, тогаш замислете си само како би било  „разведени“ или „раскинати .. со бенефиции“. Звучи неверојатно нели?

Маркетинг

Ваква тема е обработена во „It’s Complicated“, филм во кој Мерил Стрип и Алек Болдвин имаат љубовна врска неколку години откако ќе се разведат. Заклучокот е дека, на крајот на краиштата, една ваква ситуација може да ги разреши сите измешани чувства поради разводот.

Сега, нова студија која што доаѓа од зад кулисите на „Journal of Social and Clinical Psihology“ укажува на тоа дека овој филм и не бил само „млатење празна слама“, туку дека сексот со бившиот и не е така лоша работа. Истражувачите на Универзитетот во Аризона испитувале 137 парови кои неодамна потпишале развод. Како и што се очекуваше, оние што разводот лесно го пребродиле, се чувствуваат многу подобро од оние што не го пребродиле (Алелуја!). Но, тоа не е сѐ. Докажано е и тоа дека сите оние што сакаат да останат блиски со своите бивши партнери, и притоа, да продолжат со нормален живот, тоа многу полесно го прават доколку барем уште еднаш имаат секс по разделувањето.

Маркетинг

 

„Сексуалниот чин со вашиот бивш партнер/ка во секој случај е многу подобар знак отколку се уште да не сте го преболиле и заборавиле истиот“ – кажуваат истражувачите на ова истражување.

Зошто? Најверојатно затоа што вака многу полесно се средуваат чувствата и многу полесно се зачекорува кон неизвесната иднина!

Не, не.. не сакаме да кажеме дека сите што неодамна „испливале“ од љубовна врска, се развеле и сл. треба веднаш да ги земат мобилните и да им се јават на бившите.. Но, размислете, доколку продолжите да спиете со бившиот тоа може да биде здраво за вашата превентива и да ви помогне да влезете во нова врска. Да се надеваме дека овој пат таа нема да ви биде „само“ со бенефиции. А за сите оние, пак, кои недоамна раскинале со бившиот/та токму затоа што тој (или таа) не ги задоволувал апетитите во креветот, нека запомнат само едно – никакви бенефиции со бившиот нема да помогнат. Свртете нова страна. На крајот на краиштата и обичните пријатели/ки, со и без бенефиции, не се така лоша работа. Ако ништо друго, барем ќе имате рамо за плачење. А и тоа помага во вакви ситуации, нели?

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button