Реклама
Култура[тор]

Монографија „30 години скопски џез фестивал“

Реклама

Во продажба излезе монографијата 30 ГОДИНИ СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, којашто беше подготвена минатиот октомври со цел обележување на 30-от јубилеј на оваа реномирана манифестација.

Монографијата 30 ГОДИНИ СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 384 страници, во тврд повез, прикажува околу 500 авторски и уметнички, претежно црно-бели фотографии, реализирани за време на фестивалските концерти во Скопје, при што доминираат делата на еден од најпознатите светски џез-фотографи – Жига Коритник. Ова капитално издание на Установата за уметнички дејности – Скопски џез фестивал, исто така, содржи и неколку авторски текстови на некои од најреномираните светски музички експерти: Франческо Мартинели, Мајк Хенеси, Бил Шумејкер и Џералд Селигман. Воведниот текст, пак, во кој се опишува суштината и значењето на Фестивалот, го подготви познатиот македонски музички критичар Љупчо Јолевски. Монографијата, едновремено, ги прикажува и дизајнерските остварувања во текот на историјата на Фестивалот: плакати, календари, насловни страници на компакт-дискови издадени под етикетата на Скопскиот џез фестивал и сл., а завршува со хронологија на сите исполнителите во текот на 30-те фестивалски години. Со многу амбициозниот и квалитетен дизајнерски и графички пристап, дело на агенцијата „Зип-Зап“, оваа монографија претставува репрезентативно издание, сосема референтно и во пошироки светски рамки.

Маркетинг

Скопскиот џез фестивал, е без сомнение, една од водечките и најпрестижните меѓународни културни манифестации во Македонија. Во својата 30-годишна историја, Фестивалот презентираше речиси сè што е значајно на светската џез-сцена но, што е можеби уште поважно, изврши огромна улога и влијание во развојот на музичката култура кај нас, како кај нашите музичари така и кај аудиториумот, едновремено развивајќи ја и визуелната култура преку дизајнот.

Монографијата 30 ГОДИНИ СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ може да се купи во следните книжарници: „Култура“, „Матица Македонска“, „Табернакул“, „Три“, „Или-Или“ и „Икона“.

Маркетинг

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button