Огласи
LIFESTYLEКултура[тор]

Странците никогаш нема да ги разберат – најчудните реченици во македонскиот јазик

За странците, или некој што ги слуша првпат овие фрази, им останува само да се „почешаат по глава“ и да побараат дополнително објаснување.

advertisement
advert

Секој јазик има свои специфики и оригиналност, а многу странци што престојувале во нашата земја се согласуваат дека македонскиот јазик е еден од оние што се издвојуваат по сложеноста и (не)разбирливоста на одредени фрази.

Македонскиот јазик е богат со необични зборови, изрази и фрази, па странците често остануваат збунети, а ние пак, не знаеме како буквално да им ги преведеме за да ја доловиме суштината.

Македонскиот јазик изобилува со уникатни зборови и изрази што може да звучат чудно за оние што првпат ги слушаат. Во такви моменти, сè што им преостанува е да се зачудат и да побараат дополнително објаснување.

реклама

На пример, зборот „промаја“ има посебно место во нашиот јазик и култура, а тешко може да се објасни како тоа секоја втора болест е од промаја.

Дури и нашите пцовки се неверојатно креативни, впрочем како и српските и воопшто балканските.

Понекогаш, дури и зборовите не се доволни за да опишат некоја ситуација, па затоа често се потпираме на карактеристични извици како: „уф“, „еј“, „абе“ или „пу, пу“( против уроци).

Марpкетинг

Доколку сте се запрашале кои им се на странците најчудните реченици во македонскиот јазик, еве неколку интересни примери.

Ќе те фати промаја.

Јал, не пенјал, пари сум дал.

Ако баба лаже, трап не лаже.

Спие како заклан.

Куд кои, мили мои.

Ни срам, ни перде.

Ни лук јал, ни лук мирисал.

Нит се води, нит се тера.

epp

Прст да му покажеш, се смее.

Нема што нема.

Од пиле млеко.

Баш се мислам.

Како да не.

epp2

Плукнат на татко му/мајка му.

Не знам, не сум паметна.

Криво седи, право суди (збори).

Бели пари за црни денови.

Ѓаволот ни копа ни ора.

Држи вода, или – не држи вода.

Тури му пепел.

Го фатија со раце во мед.

Го фати Господ за брада.

Ни трага ни глас.

Ќе му дојде јајцето на га**т.

Тресе зелени.

Како гром од ведро небо.

Што влезе, не излезе.

Доколку сте се нашле и вие во ситуација кога не знаете како одредена фраза да ја преведете на друг јазик, освен на нашиот, слободно потсетете не за да го дополниме списокот.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button