Веќе во првата отворена ’декларација‘ јасно ставивме до знаење која é и што претставува StipkaGirl (Доколку не знаеш за што станува збор, тогаш кликај тука.)
Значи ова не се однесува само на неколкуте девојки кои со пишан збор ја бранат честа на понежниот пол во нашата редакција, туку и на нашите сакани читателки. Ние сме интерактивно битие кое се сплотува во едно со својата публика. Но и повеќе пати до сега имаме давано совети не само за женскиот дел од нашата ’публика‘, туку се трудиме и на нашите „попримитивни посетители“ да им го зголемиме интелектот и да им помогнеме како подобро да не освојат. Така и сега ќе им дадам некои информации од есенцијално значење кои можат да им го направат животот многу полесен и поубав!
Не препишувајте ни го нашето лошо расположение на PMS-от! PMS-от е само изговор на некои жени за нивните месечни изливи на бес, кои се јавуваат како последица на недостатокот на самоконтрола.
Не е вистина дека жените не сакаат фудбал. Ок, можеби мотивите за гледање на утакмица се различни, но некои од нас знаат што е офсајт и дека пеналот не е удар од 11 метри, туку од 12 јарди! (За разлика од повеќето мажи, можам слободно да додадам).
Зошто скоро пола фраери во оваа земја потсвесно сакаат да бидат возачи во F1? Смирете го доживувањето со вожња, на тој начин нема да не импресионирате! Факат е дека вашата количка има само 60 коња, а семафорите не се пит – стопови.
Не постојат тие ’плочки‘ (мачно создавани во теретана), таа насмевка или тие очиња, кои ќе ја надминат добрата смисла за хумор (посебно кај оние фраери кои знаат тоа да го прават добро и суптилно на сопствена сметка). Ако успеете да не насмеете, сте завршиле 90% од ’работата‘.
Доколку налетаме на вашата бивша, подобро ќе ви биде да го направете следното: ја ставате раката околу нашите рамења, веднаш не претставувате, а при одењето искоментирате нешто во стилот: „Ама се здебелила“ или „Каде ми бил паметот?“…
Секако – ако некогаш прекинете со нас – ние сме она најдоброто што ви се случило во животот!
Ок, знаеме дека играњето Playstation секако може и знае да опушти и да ги смири нервите…Но пет часа по ред?! Get a life man!
Доколку поминувате повеќе од 15 минути наутро во WC-то, неделно ги маникирате ноктите, а хит бои во сезоната се ви сребрена и златна, дефинитивно не сте на нашата листа на посакувани…А и сигурно е дека читате погрешен магазини. Со други зборови: во Македонија постои Stipka.com.mk, со свои оригинални текстови, за да ви го зголеми интелектот!!
Малку ’месо‘ околу вашиот струк не штети! Неоптовареноста со изгледот е пожелна додека е во границите на умереното, затоа што на тој начин ни давате до знаење дека нема да бидете критизерски настроени ни кон нас, кога е во прашање надворешноста. Се надевам дека капирате дека под ’малку месо‘ не подразбираме да не можете да си ги видете сопствените стапала под тушот.
И најголемите риби и ’фраерки‘, го признавале тие тоа или не, сакаат кога ги нарекуваат со одредени имиња. НО, немојте да претерувате со зборови како, шеќерче, мило, бебенце, буцко и слични, со какви некогаш ве нарекувала мама. Тие и не се баш секси.
Уште од предисторијата жените сакале ловци и неимари (градители). Покажете ни дека знаете да ги користите рацете.
И на самиот крај, да не помислите дека само ве критизираме: повеќето жени (што секако никогаш нема да го признаат) во суштина им завидуваат на мажјаците. Едноставноста е вашата најдобра особина! Воедно, тоа е и зборот кој никогаш нема да го најдете во иста реченица со зборот ’ЖЕНА‘.
Врати се на првата страна.