Предвремената ејакулација во медицинската терминологија се однесува на ејакулација пред партнерката да биде задоволена и е еден од најчестите проблеми со кој, од време на време, многу мажи се соочуваат.
Овој проблем најчесто се појавува кај помладите луѓе, кои тукушто започнале се својот сексуален живот или пак, во повозрасни години кај лица кои подолго време немале секс.
Поради овој проблем многу често може да дојде до нарушување на врската и чувство на збунетост кај лицата кои се соочуваат со него. Токму од тие причини, специјалистите по оваа проблематика порачуваат дека треба да се разговара во врска со овој проблем со партнерите. Притоа треба да се има на ум дека овој проблем може да им се случи и на двата пола – со предвремената ејакулација се соочуваат и мажите и жените.
Затоа ве советуваме да се релаксирате и проблемот сам од себе ќе замине. Исто така постојат и неколку методи/начини како да се справите со овој проблем.
Самодеструктивен метод
Доколку ејакулацијата почне да доаѓа многу порано отколку е тоа случајот со партнерката, тогаш треба да земете воздух длабоко и да почнете да размислувате на нешто сосем друго. На пример нешто што е многу досадно и што ви оди на нерви. Во овој случај вие можете да ја влијаете негативно и на вашата ерекција, но со продолжување на сексуалната игра повторно се враќате во игра, онаму каде што претходно сте застанале. Надевајте се дека во тој момент вашата партнерка е блиску до оргазмот. Во спротивно – повторете го „филмот“ со лошите мисли!
Нема ништо полошо за секс од сува вагина! Ова може да ви помогне >>
Метод Стоп-Пауза-Плеј
Доколку чувствувате дека сте блиску до кулминацијата, тогаш извадете го вашиот пенис од партнерката и „работите“ долу оставете ги малку на мира. Сето ова го правите само со една цел – да ја одложите прераната ејакулација. Со стопирање и почнување на сексуалната акција, вие можете да научите како да го пролонгирате сексот. И секако, доколку сакате да го забрзате нејзиниот оргазам, во тој случај, за време на „паузата“, задоволувајте ја вашата партнерка дополнително – орално!
Премини на следната страна >>