Кога еден љубовен пар на сексуалното експериментирање ќе почне да гледа како на лесна работа, тогаш работите кај нив се тргнати на подобро.
Сигурни сме дека до сега многу пати сте се запрашале: Можам ли јас да ги поместам нозете до таму? Ме бива ли мене за таа работа? Што ќе се случи ако тој наеднаш ги пушти и тие паднат? Зарем нема сета болка да ми се собере во грбот ако се свиткам на тој начин? Но, не плашете се воопшто за ниту едно од овие прашања. Едноставно, пробајте ги овие позиции и се ќе биде во ред. Можеби некои од нив изгледаат чудно, но откако ќе ги пробате еднаш, тие потоа ви стануваат навика. Верувајте!
Триумфална порта
Раширете ги нозете колку што можете повеќе и откако тој ќе влезе во вас, спојте ги истите во пределот на неговата глава. Ова можеби звучи само така чудно, додека во пракса е многу згодна и пријатна позиција. Кога ќе се најдете во неа, спремете за една помалку дива игра.
Затворена чаршија
Кога тој ќе биде веќе длабоко во вас, обидете се да ги споите нозете. На овој начин вашата вагина ќе биде тесна и вие ќе го чувствувате подобро неговиот пенис. Ова ќе допринесе за поголемо задоволство и кај двајцата.
Полудена мачка
Доколку мисионерската поза не ви причинува кој знае какво задоволство, а некако повторно сте се нашле во истата позиција, тогаш натерајте го вашиот партнер да се повлече колку што може поназад и обидете се да се подигнете со вашето тело. За целото време неговиот пенис треба да е внатре во вашата вагина, и аголот што ќе настане поради ваквата позиција треба да допринесе за поголемо задоволство.
Свиткана салветка
Спојте ги нозете, една до друга и полека испружете ги од едната страна на партнерот. Потоа додека сте свртени кон него дозволете му тој полека да влезе странично во вас. Доколку имате проблеми со тоа, обидете се да ги исправете така што ќе ги поместувате вашите нозе се додека не дојдете до точката каде што задоволството е најголемо.
Весела кравичка
Со телото наместете се на креветот, свртени со задникот кон вашиот партнер, а тој нека се намести на неговите колена. Потоа обидете се да се „инсталирате“ еден во друг и да го погодите ритамот што најмногу ќе ви одговара на двајцата.
Секси ѕверка
Можеби позицијата во која што вие му се предавате на партнерот да влезе во вас од задната страна по малку ви изгледа чудно и анимално, но верувајте, за нас жените, нема поголемо задоволство од оваа позиција. Кога еднаш ќе се најдете во неа, обидете се со вашето тело да се извиткувате колку што можете повеќе. Тоа ќе нарави вашата вагина да се најде во позиции кои ќе допринесат за што поголемо стимулирање..
Кај чевларот
Кога веќе сте свртени со грбот кон него, подигнете ја вашата лева нога на нешто што е во ваша близина (столче, куќиште, кревет) и обидете се да ја пронајдете точката и позицијата каде што рамнотежата ви е најсигурна. Потоа речете му цврсто да ве држи за плешките и полека да почне со играта која што вие, за жал, нема да можете да ја видите… Но, сепак, оваа позиција ќе допринесе за поголем стимуланс и кај двајцата партнери.
Шестарче
Раширете ги вашите нозе колку што можете повеќе и речете му на партнерот да се обиде да ги задржи во истата позиција колку што е можно подолго. Потоа со рацете обидете се да се задоволите клиторално додека тој полека се поти над вас. Вашата игра со рацете ќе допринесе тој малку повеќе да биде обѕирен наспрема вас.
Torre pendente di Pisa
Ставете ги вашите коленици на неговиот врат и обидете се да се подигнете колку што можете повеќе. (Се мисли на ситуација кога сте легната, во мисионерска поза!). Потоа речете му да влезе во вас и гледајте како тој се однесува во филмот „јас сум цар!“. Предноста во оваа поза е во тоа што неговиот пенис се наоѓа под притисок како Кривата кула во Пиза, па вие со тоа ќе добиете едно инстант и дополнително задоволство. Штом ќе почувствувате болка на било кој дел од вашето тело или пак царот ќе се измори и ќе почне да стенка, тогаш префрлете се на некоја од претходните позиции и обидете се што поскоро да завршите со вашето големо О!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.