Почина во болница, на погребот немаше никој од колегите – заборавена од сите, а беше една од најпознатите
Тажната судбина на Уснија Реџепова

Познатата пејачка почина на 1 октомври 2015 година, по долга и тешка борба со опаката болест која не успеа да ја победи.
Македонската пејачка со ромско потекло, Уснија Реџепова, почина пред точно десет години, на 69-годишна возраст.
Таа почина во својот роден град, а беше хоспитализирана една недела пред смртта, заради болеста од која и почина.
Принтскрин
Нејзините последни денови беа мошне тешки, со големи болки, но таа до последен ден остана со позитивен дух.
„Секојдневно се мачам со болки и тешко дишам. Состојбата ми се влоши. Лежам во креветот, одвај успевам да седам. Се обидов да станам за да прошетам, но не можам да се потпрам на нозете. Доста ослабнав, како да не сум јас, луѓето не ме ни препознаваат. Пијам само вода, немам сила да јадам“, изјави познатата пејачка за српскиот „Курир“ непосредно пред засекогаш да замине, оставајќи бројни хитови зад себе.
Принтскрин
Како што самата откри во една пригода, нејзината мајка Сабрија била Турчинка, а нејзиниот татко Јашар, Ром, џамбаз.
Принтскрин
И бидејќи нејзиниот татко не можел да има деца со првата жена, се оженил со нејзината мајка која била вдовица со син и ќерка.
Таа потоа ќе роди уште четири деца, меѓу кои и Уснија, која за овој период, иако биле многу сиромашни и живееле во тешки услови, секогаш велела дека е најубавиот во нејзиниот живот.
Принтскрин
„Во Скопје немаше многу прилики за забава, па затоа учествував на речиси сите секции во училиштето. Имав девет неразделни другарки со кои ги организирав сите забави во гимназијата, ги подготвувавме претставите и си наоѓавме симпатии на корзото“, изјави легендарната пејачка во една пригода.
Потсетуваме, легендарната пејачка која многумина ја сметаат за најголема македонска музичка амбасадорка, во 1976 година беше и официјално прогласена за кралица на ромската музика, на Првиот фестивал на ромска музика во Индија, кога го доби признанието лично од легендарната Индира Ганди.
Принтскрин
Таа својата кариера ја започна во 60-тите и од тогаш има објавено девет албуми и 15 синглови и ЕП-изданија.
Принтскрин
Во Народниот театар во Белград цели 25 години ја глумеше Коштана, а се има појавено и во филмот „Дервишот и смртта“ од 1974 година.