UncategorizedНаши ѕвезди

Алачки не сте ја виделе во вакво издание – кога се појави на снимањето и колегата Спасен го остави без зборови

Овој детаљ никого не остави рамнодушен

Advertisement

Кога се појави на снимањето, веднаш привлече внимание

Нашата позната водителка и пејачка Адријана Алачки на едно од последните снимања на „Везилка“ ги изненади сите.

Advertisement

Имено, Адријана се појави во издание со кое привлече големо внимание, посебно со еден детаљ што го носеше.

Таа за оваа пригода избра необичен долг фустан со потписот на еден од најпознатите македонски модни брендови.

Advertisement

Станува збор за долга креација во неодолива пастелна нијанса, од преубав свилест материјал, со интересни детали во пределот на јаката и предниот дел, а кој водителката го носеше со шик фризура.

Инстаграм/ Адријана Алачки

Алачки оваа комбинација ја заокружи со висока, ноншалантна пунџа, додека на лицето имаше минимална шминка.

Таа реши да ги изненади и фановите на социјалните мрежи, па во ова издание позираше и фотографијата веднаш ја сподели.

Инстаграм/ Адријана Алачки

Покрај неа блескаше и нејзиниот колега Спасен Сиљаноски, кој пак носеше костум во светло сина нијанса која одлично се вклопи со изданието на неговата колешка, така што и двајцата оставија одличен впечаток пред гледачите.

Потсетуваме, Спасен веќе некое време е на турнеја во Австралија, па оваа снимка најверојатно е направена пред тој да замине.

Фејсбук/ Адријана Алачки

Колегите на дружба, по работа

Тој овие денови сподели неколку видеа од забавите што ги направи во оваа земја, а една од нив погледнете тука.

Бонус видео

Најголемиот хит на Спасен

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button