Бизнис

Еве зошто треба да внимавате со овој зеленчук од супермаркетите – и ChatGPT не предупредува!

Еве зошто во овие салати е зголемен ризикот од бактерии

Advertisement

Кога купувате салата во маркет, треба да знаете дека постојат два вида во кои може да има бактерии што предизвикуваат болести.

Ова посебно се однесува на младите листови од спанаќ и рукола, бидејќи заради составот и начинот на кој се спакувани се подложни на бактерии како салмонела и Ешерихија коли.

Advertisement

Минатата година Роберт Кох Институтот (РКИ) забележа ширење на салмонела токму заради контаминирани растенија.

Во повеќето случаи извор на заразата се пакувањата и транспортот – пластичните ќеси создаваат влажна околина која е погодна за размножување.

Салатите кои се продаваат спакувани и исечени, дополнително го зголемуваат ризикот од инфекции бидејќи површината што е изложена е поголема и микроорганизмите полесно се шират на овој начин.

Advertisement

Фото: Фрипик

Најризични – спанаќ и рукола

Спанаќот е посебно ризичен бидејќи исечените листови испуштаат растителен сок кој создава совршено опкружување за бактерии.

Па дури и кога се чува во фрижидер – бактериите се размножуваат.

Бактериите, исто така, можат да бидат присутни на салатата уште пред да дојдат до фрижидерите на потрошувачите.

Еден од главните причини е водата за наводнување, која може да содржи висока концентрација на бактерии, вируси и паразити.

Па за да го намалите ризикот, најсигурна опција е да одгледате сопствена салата во вашата приватна градина, пишува Феникс-магазин.

Како да се избегне ризикот?

Секако дека нема потреба да се избегнува спанаќот и руколата, но треба да се придржувате до следните мерки:

Избегнувајте салата во пластични кеси или искористете ја веднаш при купување, не чувајте ја долго време во фрижидер.

Избегнувајте пукнати кеси со овенати и слузести листови.

И покрај тоа што на пакувањето пишува дека е измиена, секогаш пред јадење треба убаво да ја измиете салатата.

Лица со ослабен имунитет, потоа стари лица, деца и бремени жени треба да бидат посебно внимателни со овие салати.

Во некои случаи консумација на контаминирана салата може да предизвика болги и грчеви во стомакот, мачнина…

Во вакви случаи се препорачува да се посети доктор.

Фото: Фрипик

Што вели Чат ЏПТ за ова?

Кога станува збор за овие производи, секако дека не треба да се избегнуваат, туку само да се биде внимателен со нив.

Тоа впрочем го вели и Чат ЏПТ, кој на прашањето дали е здрав спанаќот што се продава во кеси во маркетите, го вели следново:

Спакуваниот спанаќ што се продава во маркетите може да биде здрав, но има неколку важни работи што треба да ги знаеш:

Предности на спакуваниот спанаќ

Обично е веќе измиен и подготвен за употреба (означено како “triple-washed” или “pre-washed”)

Практичен е – само го отвораш и користиш, особено за салати

Се чува во контролирана амбалажа, па може да има подолг рок

Но… внимавај на следново:

Фрескост

Иако е пакуван, тој сепак е расиплива храна. Ако забележиш жолти листови, влага, лигавост или непријатен мирис – фрли го.

Рок на траење

Провери го датумот на пакување и „употребливо до“. Дури и ако рокот е добар, внимавај на изгледот.

Микробиолошки ризици

Понекогаш може да содржи бактерии како E. coli или Listeria, особено ако не е правилно чуван. Затоа:

Дури и ако пишува „веќе измиен“, можеш дополнително да го испереш и не го јади ако е чуван надвор од фрижидер.

Пестициди

И кај пакуваниот и кај непакуваниот, може да има остатоци од пестициди. Ако можеш, избери органски спанаќ, или користи раствор од вода и оцет/сода за миење.

Заклучок:

Спакуваниот спанаќ не е нездрав, но: провери свежина, внимавај на рок и услови на чување, добро измиј го… А ако имаш избор и време – свеж, локален, непакуван спанаќ од пазар е често најдобра опција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button